Достапни линкови

Креативен викенд во Лазарополе посветен на фотографијата


Фотографии од Лазарополе на Ана Лазаревска.
Фотографии од Лазарополе на Ана Лазаревска.

Во рамките на проектот Креативен викенд, во Лазаропле се одржа – 16-та работилница која овојпат и беше посветена на фотографијата. Учесниците имаа можност најпрвин теоретски, а потем и практично, во амбиентот на ова прекрасно македонско село, да фотографираат и да креираат дела кои потем ќе бидат претставени на изложбата што ќе се одржи есенва.

По двете за звук, за стрип, кратки книжевни форми ... во изминативе три дена, во Лазарополе, како една од содржините на тековниот серијал од проектот Креативен викенд, се одржа и работилница за фотографија наменета за професионалци и за аматери на која учество зедоа 12 автори кои создаваа дела инспирирани од убавините на овој дел од Македонија.
„Оваа работилница е наменета за сите уметници и млади кој се интересираат за фотографијата како уметност, без оглед на нивната техничка подготвеност, да научат повеќе за фотографијата, за нејзината примена како медиум во уметноста, за концептуалната фотографија или едноставно да се инспирираат од убавините на Лазарополе.
Ана Лазаревска, фотограф.

„Оваа работилница е наменета за сите уметници и млади кој се интересираат за фотографијата како уметност, без оглед на нивната техничка подготвеност, да научат повеќе за фотографијата, за нејзината примена како медиум во уметноста, за концептуалната фотографија или едноставно да се инспирираат од убавините на Лазарополе. Работилницата се состои од кратки предавања, основи на фотографија, нејзина примена, посочување на основните елементи, запознавање со концептуалната фотографија, практична работа и дискусии за направените фотографии. Одбраните дела од
Ана Лазаревска, фотограф.
Ана Лазаревска, фотограф.
оваа работилница ќе бидат наменети за групна изложба која планираме да се одржи во наредните месеци во некоја галерија или соодветен простор во Скопје“, вели Ана Лазаревска, која заедно со уметницата Дијана Богдановска беа предавачи на овој собир на фотографите.

Од друга страна, Тони Димитров, говорејќи за Креативен викенд како проект, односно за серијалот
Создавање на некаква локална уметничка сцена значи чекор кон креирање на своевидна уметничка заедница која што ќе има параметри на една здрава сцена која што ќе комуницира во иднина.
Тони Димитров, уметник.
работилници, истакнува дека идејата е на едно место да соберат млади креативци кои што се заинтересирани за уметност и за творештво, кои ќе работат на различни аспекти на уметноста врз основа на што би се создала некаква база за нивна понатамошна соработка на ниво на локална сцена.

„Создавање на некаква локална уметничка сцена значи чекор кон креирање на своевидна уметничка заедница која што ќе има параметри на една здрава сцена која што ќе комуницира во
Тони Димитров.
Тони Димитров.
иднина. Според мене дефиниција на сцена е сцената еднакво на комуникација и соработка. Она што е најзначајно за сите учесници на оваа локална сцена е меѓу себе да соработуваат и да комуницираат, што кај нас, во овој локален контекст сметам дека недостасува и тоа е главната идеја и поента на овие работилници кои веќе година наназад се случуваат во едно пркрасно планинско место, Лазарополе, село кое што во минатото било доста значајно од аспект на творештвото, културното наследство и уметноста, така што сакаме целата оваа енергија да ја пренесеме и во денешен контекст. “

Како еден од идејните творци и потписници на проектот, тој дополнува дека во периодот од година дена колку што се одвива Креативен викенд одржани се 16 работилници за различни аспекти од уметноста и дека веќе имаат резултати на повеќе нивоа од своето делување.

„Во јуни по втор пат се случи работилницата звук и овојпат во Лазарополе имавме и гости од странство со што се надополни нејзината содржина. Тука се и работилниците за стрип и кратки книжевни форми која, пак, резултираше со цело едно издание кое што како публикација треба да излезе од печат во октомври за годишнината од нејзиното случување. Поголемиот дел од уметностите гледаме да бидат опфатени преку овие работилници.“

Говорејќи за перспективата на проектот Димитров знае да каже дека Креативен викенд си продолжува во истата насока како и досега и дека на крајот на секој месец ќе се одржуваат по една работилница за различна уметничка перспектива.

„Генерално планирани ни се 12 работилници годишно. Нормално доколку зимските услови ни дозволат да се случи во тој период токму во Лазарополе одиме таму, но ако бидеме оневозможени во таквите намери, практикуваме во меѓувреме одржување на работилници, предавања, презентации или еднодневни проекти кои што само ја збогатуваат програмата. “
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG