Достапни линкови

Второ злато за каратистот Арсовски


Каратистот Жарко Арсовски.
Каратистот Жарко Арсовски.

Каратистот Жарко Арсовски по втор пат за две години, се закити со златниот медал во категоријата над 84 килограми на стартниот сезонски турнир во Премиер лигата.

Каратистот Жарко Арсовски на најдобар можен начин ја започна 2014-та година, откако изминатиот викенд во Париз, по втор пат за две години, се закити со златниот медал во категоријата над 84 килограми на стартниот сезонски турнир во Премиер лигата. До овој успех на натпреварувањето кое поради силната конкуренција важи за СП во мало, членот на КК Макпетрол дојде по убедливите победи над претставници на Холандија, Турција, Португалија, Франција и на Еквадор, со што ги надмина и сопствените очекувања.
Нормално дека очекував некаков пласман, но сепак морам да кажам дека не го очекував златото. Јас по принцип никогаш не очекувам медал, тоа ми е како некоја мотивација за борбите што следуваат.
Жарко Арсовски, каратист.

„Нормално дека очекував некаков пласман, но сепак морам да кажам дека не го очекував златото. Јас по принцип никогаш не очекувам медал, тоа ми е како некоја мотивација за борбите што следуваат. Меѓутоа морам исто да потенцирам дека бев многу подготвен и со долгогодишното искуство во карате спортот успеав да стигнам до посакуваните пет победи“, изјави единствениот македонски каратист кој освоил медал на сениорско СП, бронза пред 4 години.

Покрај тој подвиг, Жарко во
Жарко Арсовски.
Жарко Арсовски.
досегашната кариера беше Медитерански шампион, освои злато и бронза на Универзитетско СП, а е и повеќекратен државен првак. Сето ова говори дека се работи за каратист кој е дел од светскиот врв во овој спорт, до каде што стигна со ...
Како и секој каратист, сите настојуваме да освоиме медал на најголемите натпреварувања. Тоа се европското и светското првенство, и ја темпираме формата за тие првенства.
Жарко Арсовски, каратист.

„Многу тренинг, многу работа и секако веќе имам многу искуство. Тоа искуство многу ми помага да се подготвам како физички, така и психички за освојување на големи резултати“, додаде стипендистот од светска категорија на Агенцијата за млади и спорт.

Претходно кажаното го вбројува Арсовски меѓу фаворитите за највисок пласман и на наредните меѓународни натпреварувања. Штипјанецот е свесен за тоа, па и самиот најавува атак на нови медали од врвните шампионати, а пред се од најзначајните годинава, мајското ЕП во Тампере (Финска) и ноемвриското СП во Бремен (Германија).

„Како и секој каратист, сите настојуваме да освоиме медал на најголемите натпреварувања. Тоа се европското и светското првенство, и ја темпираме формата за тие првенства. Меѓутоа, нели за освојување на светско злато или европско злато, треба да се поклопат многу коцки, меѓу кои што многу битен фактор е и среќата. Па со Господ напред ќе видиме што ќе биде, се надевам дека ќе ја израдуваме македонската јавност“, истакна на крајот Жарко Арсовски.
XS
SM
MD
LG