Жителите на општините Дебар и Центар Жупа повеќе години по ред изразуваат незадоволство од стеснувањето на делокругот на ингеренциите на Основниот суд во Дебар со последните промени извршени пред неколку години со Законот за судови во Република Македонија. Основниот суд во Дебар нема проширена надлежност, поради што голем број на судските спорови се водат во Основниот суд во Гостивар. Оваа состојба создава поголеми материјални трошоци на странките во судот.
„Како граѓанин на град Дебар мислам дека ова нема логика. Нема логика бидејќи населението во Дебар има големи економски проблеми, градот е неразвиен и сега покрај овој проблем се појавува и друг проблем. Јас како пример ќе ја земам позицијата на децата деликвенти. Тие потекнуваат од социјално загрозени семејства. Со овие намалени надлежности на судот во Дебар, тие се изложуваат на додатни трошоци. Поради ова што го реков, граѓаните имаат право што бараат враќање на надлежностите на дебарскиот суд, онакви какви што ги имал порано“, вели анкетиран граѓанин на Дебар.
Според него, исто така проблеми има со обезбедувањето на адвокати, бидејќи тие најчесто се принудени да ангажираат адвокати од Гостивар, а не од Дебар, бидејќи дебарските адвокати им создаваат поголеми трошоци и покрај тоа што со нив најчесто се разговара за предметите. Јасно во оваа насока реагираат и самите адвокати од Дебар бидејќи им се намалува и работата. Барања за проширување на надлежностите на Основниот суд во Дебар кој со своите активности ги покрива општините Дебар и Центар Жупа, повеќе пати се доставувани и до раководството на Основниот суд во Дебар, вели претседателот на овој суд Мерсим Марку.
„Ингеренциите и на судот во Дебар нормално се одредени со законот за судовите. Ние како суд имаме основна надлежност и немаме проширена надлежност. Сакам да кажам дека има барања од страна на граѓаните да се коригира и измени актуелниот закон за судовите и да се вратат повторно надлежностите што ги имал овој суд пред 2006 година кога се извршени промените“, вели Марку.
РСЕ: Особено реакции има и околу судските спорови кога се во прашање малолетниците деликвенти?
„Точно е тоа, има многу реакции и околу нив, но законот не ни ја има дадено таа надлежност. Околу барањата на граѓаните имаме разговарано и надлежните институции на централно и локално ниво. Правдата треба да биде таму каде што се граѓаните. Сметам дека ние сме сервис на граѓаните, а не се граѓаните сервис на судот. Јас лично сметам дека законот треба да се коригира“, вели Марку.
Реакции има и од родителите на малолетните деликвенти на кои им се суди во Гостиварскиот суд, а има и од страна на социјалните работници при меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Дебар. Според нив, тие родители кои во најголем дел се социјално загрозени, се изложуваат на поголеми трошоци.
Граѓаните имаат право што бараат враќање на надлежностите на дебарскиот суд, онакви какви што ги имал порано.Анкетиран граѓанин на Дебар.
„Како граѓанин на град Дебар мислам дека ова нема логика. Нема логика бидејќи населението во Дебар има големи економски проблеми, градот е неразвиен и сега покрај овој проблем се појавува и друг проблем. Јас како пример ќе ја земам позицијата на децата деликвенти. Тие потекнуваат од социјално загрозени семејства. Со овие намалени надлежности на судот во Дебар, тие се изложуваат на додатни трошоци. Поради ова што го реков, граѓаните имаат право што бараат враќање на надлежностите на дебарскиот суд, онакви какви што ги имал порано“, вели анкетиран граѓанин на Дебар.
Правдата треба да биде таму каде што се граѓаните. Сметам дека ние сме сервис на граѓаните, а не се граѓаните сервис на судот. Јас лично сметам дека законот треба да се коригира.Мерсим Марку, претседател на Основниот суд во Дебар.