Околу 40- тина полициски резервисти од општина Дебар од кои поголемиот дел работат над 15 години во полицистата станица во Дебар, преку судски спор против МВР бараат да им се подмират придонесите за пензиско и инвалидско осигурување и да добијат решенија за редовен работен однос. Тие повеќе пати во изминатите години имаат доставувано барања до надлежните во МВР за решавање на проблемот, но до сега како што велат правилно решение нема. Тие истакнуваат дека ги вршат сите работни обврски како и секој редовен полицаец, но не го добиваат онаа што им следи.
,,Поголемиот број сме на работа над 15 години, но од онаа што е пропишано со законот не добиваме ништо. Добиваме една просечна плата, а останатото како што се годишни одмори, работа во смени и пензиско- инвалидско осигурување не се плаќа. Понекогаш се прашуваме кога во вршење на работите би употребиле оружје ќе бидеме судени како полицајци или како обични граѓани“
вели Решит Изеировски.
Поради оваа состојба покренат е судски спор. Тој трае неколку месеци и наскоро се очекува во Основниот суд во Дебар да се донесе ипресуда.
Адвокатот на групата на резервни полицајци Венко Калачоски објаснува дека се работи за карактеристичен случај.
„Тоа се резервисти на подолг период, кој се ангажирани вон сите правни норми, вон сите прописи кои владеат во Република Македонија. Им се даваат одредени надоместоци, но пензиско и инвалидско осигурување не добиваат, а не добиваат ниту годишни одмори, ниту за работа на смени,празници и други основи кои би ги добивале ако се вработени. Во тек е постапката, а ние ќе одиме до крај заради остварување на правата на овие обесправени лица. Ние очекуваме пресуда на судот и ќе видиме потоа дали ќе делуваме со жалби, или пак ќе видиме дали функционира правниот систем во Република Македонија.“
Пред десетина години неколку резервни полицајци добиле решенија за редовен работен однос,но по партиска линија велат групата на полицајци резервисти , од кои поголемиот број имаат завршено и курс за полицајци кој го има организирано МВР.
,,Поголемиот број сме на работа над 15 години, но од онаа што е пропишано со законот не добиваме ништо. Добиваме една просечна плата, а останатото како што се годишни одмори, работа во смени и пензиско- инвалидско осигурување не се плаќа. Понекогаш се прашуваме кога во вршење на работите би употребиле оружје ќе бидеме судени како полицајци или како обични граѓани“
вели Решит Изеировски.
Поради оваа состојба покренат е судски спор. Тој трае неколку месеци и наскоро се очекува во Основниот суд во Дебар да се донесе и
Понекогаш се прашуваме кога во вршење на работите би употребиле оружје ќе бидеме судени како полицајци или како обични граѓани