Достапни линкови

Збивање на редовите против Законот за медиуми


Медиумските организации по запрепастеноста и изненаденоста од најавите за донесување на законот за медиуми, ги збиваат редовите против Законот за медиуми.

Единствено што ни преостанува е да се обидеме да ја делигитимараме согласноста што некој во наше име ја дал во врска со предлог законот за медиумите вели претседателката на Самостојниот синдикат на новинари Тамара Чаусидис. Таа додава дека со тоа ќе се покаже дека новинарската заедница не се согласува со тоа што се случи викендов.
Факт е дека се чуствуваме запрепастени и предадени, но се разбира го немаме тој луксуз да дигнеме раце и да молчиме. Тоа им го должиме на сите колеги кои ги трпат последиците од состојбата во која се наоѓаат.
Тамара Чаусидис, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници.

„Единствено што ни преостанува е да ја делигимираме согласноста што некој во наше име ја дал, за да покажеме дека новинарската заедница не се согласува со тоа што се случи. Ќе биде тешко, ова е голем удар но она што не смееме да го загубиме е надежта и вербата дека се уште постои здрав дел од заедницата кој не заборавил која е улогата на новинарите во ова општество.“

Таа вели дека во фелата се изненадени и запрепастена по случувањата од саботата кога претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани
заедно со министерот за информатичко општество Иво Ивановски на прес конференција соопштија дека Владата прифатила три забелешки за законот за медиуми.

„Факт е дека се чуствуваме запрепастени и предадени, но се разбира го немаме тој луксуз да дигнеме раце и да молчиме. Тоа
Мора да се побараат одговори од амбасадите на ЕУ и САД бидејќи нивното соопштение ја разјасни ситуацијата дека имало некаква согласност. Значи ние сме збунети ама претпоставувам дека и актерите во оваа приказна не се усогласени.
Жанета Трајкоска, Висока Школа за новинарство и односи со јавноста.
им го должиме на сите колеги кои ги трпат последиците од состојбата во која се наоѓаат. Во Македонија новинарите се замолчени, осудувани, отпуштени, и да не ги набројувам сите случаи кои само изминатава година ни се случија, Кежаровски, Младенов.... И законот беше дел од таа борба, но состојбата е таква, одбранбената линија попушти, законот ќе се изгласа и и ние ќе мора да се помириме со тоа. “

Закон за медиуми не ни треба, е ставот на голем дел од медиумските организации по најавите дека делумно изменет предлог законот за медиуми повторно ќе влезе во собраниска процедура и покрај големиот број забелешки на новинарската
Еврокомесарот Штефан Филе и претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.
Еврокомесарот Штефан Филе и претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.
фела.

Жанета Трајкоска од Високата Школа за новинарство и односи со јавноста, вели дека прво треба да се види кога ќе се разгледуваат законите во Собрание. Медиумските организации кои изразија незадоволство од настаната ситуација треба да ги збијат редовите и да утврдат што точно се случило.
Меѓутоа ако Владата сака да слушне некој наш став за некое прашање, нема никаков проблем да седнеме да напишеме и да им го дадеме ако треба ќе им го објасниме, но да седнеме и да се договараме, таа форма веќе не може.
Насер Селмани, ЗНМ.

„Мора да се побараат одговори од амбасадите на ЕУ и САД бидејќи нивното соопштение ја разјасни ситуацијата дека имало некаква согласност. Значи ние сме збунети ама претпоставувам дека и актерите во оваа приказна не се усогласени затоа се појави рашомонијада во однос на различни извори од различни агли. Новинарите колку што можевме да видиме и по реакциите на социјалните мрежи се незадоволни, а веќе и одредени членови на управниот одбор на ЗНМ да реагираат на донесената одлука за заеднички прес без разлика дали имало или немало согласност во однос на трите предлози“, вели Трајкоска.

Таа додава дека сето ова е едно големо непријатно изненадување.

„Непријатно изненадување, можеби некој го искористил или злоупотребил, намерата на ЗНМ била поинаква, како и да е резултатот не е поволен, во однос на медиумската заедница и во однос на новинарите и како понатаму. Само неколку дена претходно имаше основање на Советот за саморегулација на Македонија. Една од причините зашто се создаваше Советот е да нема вакви закони и сега значи се е во спротивност и контрадикторност. Мислам дека управниот одбор и ЗНМ сега треба да излезе со јасен став.“

Селмани во саботата за Радио Слободна Европа изјави дека седнување на маса, преговарање и договарање и сличен вид на преговори ЗНМ со владата нема да има.

„Меѓутоа ако Владата сака да слушне некој наш став за некое прашање, нема никаков проблем да седнеме да напишеме и да им го дадеме ако треба ќе им го објасниме, но да седнеме и да се договараме , таа форма веќе не може.“

Македонскиот институт за медиуми, Центарот за медиуми и Синдикатот изразија загриженост дека ваквиот тек на настаните дополнително ќе ја влошат медиумската ситуација и ќе создадат поголем раздор во медиумската заедница. Делегацијата на ЕУ и амбасада на САД изразија очекување дека со ова ќе се поплочи патот за редовен дијалог во однос на сите прашања кои што ги засегаат медиумите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG