Достапни линкови

ОБСЕ/ОДИХР: Институциите одговорни за избирачкиот список


Илустрација.
Илустрација.

Тимот на ОБСЕ којшто го изготвуваше извештајот дојде до заклучок дека Државната изборна комисија врши делумна проверка на избирачкиот список и дека не се испробани сите механизми за пребарување во базата на податоци на избирачи.

Ограничената улога на институциите кои се надлежни за ажурирање на избирачкиот список, делумната контрола што ја имаат врз податоците, како и недоволните механизми за инспекција на избирачкиот список се главните забелешките на ОБСЕ/ОДИХР за регистарот на избирачи.
Избирачкиот список ќе биде исто толку точен колку што ќе бидат и податоците кои се наоѓаат на овие документи, документите за лична идентификација и таквите документи со биометриски карактеристики.
Зоран Ѓоковиќ, советник за миграции и слобода на движење на ОБСЕ/ОДИХР.

Илустрација.
Илустрација.
Тимот на ОБСЕ којшто го изготвуваше извештајот дојде до заклучок дека Државната изборна комисија врши делумна проверка на избирачкиот список и дека не се испробани сите механизми за пребарување во базата на податоци на избирачи. Тоа би можело да укаже на потенцијални проблеми врзани за регистрирањето на избирачи како на пример невообичаено голем број на пријавени живеалишта во одредени области, непосредно пред вториот круг за гласање или, пак, невообичаено голем број на жители регистрирани на една дадена адреса.
Што може да се очекува од овие институции, кога замислете, на избирачкиот список на последните локални избори го немаше на список лидерот на ДПА.
Беким Фазлиу, ДПА.

„Избирачкиот список ќе биде исто толку точен колку што ќе бидат и податоците кои се наоѓаат на овие документи, документите за лична идентификација и таквите документи со биометриски карактеристики“, вели советникот за миграции и слобода на движење на ОБСЕ/ОДИХР Зоран Ѓоковиќ.

Во извештајот е наведено дека оттука инспекцијата на избирачкиот список истовремено ќе претставува и инспекција на работењето на институциите кои ги обезбедуваат податоците, односно на МВР и на Управа за матични книги при Министерство за правда.

Дополнително во извештајот е наведено дека МВР нема механизам за да утврди дали лицето коешто е пријавено на одредено населено место ги исполнува условите, односно дали навистина живее на пријавената адреса.
Во ноември 2008 година кога дојдов јас имаше 5 вработени, а сега сме 109 вработени, така што за капацитетите дека работи на јакнење на капацитети и немање капацитети се две различни работи, не можеме да ги мешаме.
Сашо Срцев, член на ДИК предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

„Личните податоци на избирачите кои ги доставува МВР се главниот извор кој се користи за изготвување на избирачкиот список, а исправноста на тие податоци директно влијае и на исправноста на избирачките списоци. ДИК ги нема потребните законски овластувања за да изврши промена на податоците во избирачкиот список кој го доставуваат надлежните институции. Тие треба целосно да ги развијат капацитетите за да можат да преземат ваква одговорност“, вели Ѓоковиќ.

Претседателот на работната група за избирачкиот список Бедредин Ибраими изјави дека проблемот го гледа во нецелосното спроведување на законот.

„Остана сè уште непреземено водењето на избирачкиот список од Државниот завод за статистика во Државната изборна комисија. Значи, законот сè уште е не докрај спроведен во Република Македонија. Се работи за софтвер и тројца вработени. Ако не сакаат тие тројца вработени да ни дадат, ние ќе испратиме на обука други тројца, ќе вработиме нови, ќе се обучат, не е некоја голема филозофија водењето на избирачкиот список“, вели Ибраими.

Претставниците на политичките партии сметаат дека извештајот е реален, но секој различно го толкува.

За опозицијата, тој е знак дека вината треба да ја сноси МВР и Управата за водење на матични книги додека, пак, за власта, избирачкиот список не е така лош, а извештајот покажал дека меѓуинституционалната соработка е на високо ниво.

Дамјан Манчевски од СДСМ изјави дека клучното прашање е политичката волја за спроведување на фер и демократски извори.

„Мене ми е навистина жал што тука не е присутна министерката за внатрешни работи лично, којашто во изминативе неколку месеци се обидуваше да ја измени сликата од реалноста и да ги повикува членовите на ДИК околу проблемите со избирачкиот список“, вели Манчевски.

Неговиот колега од ДПА, Беким Фазлиу, смета дека вината за проблемите со избирачкиот список не треба да се бара во ДИК и додаде не постои технички туку политички проблем.

„Што може да се очекува од овие институции, кога замислете, на избирачкиот список на последните локални избори го немаше на список лидерот на ДПА“, праша Фазлиу.

Сашо Срцев, член на изборната комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека не може да се тврди оти изборната комисија нема капацитет за работа.

„Во ноември 2008 година кога дојдов јас имаше 5 вработени, а сега сме 109 вработени, така што за капацитетите дека работи на јакнење на капацитети и немање капацитети се две различни работи, не можеме да ги мешаме работите“, вели Срцев.

На локалните избори кои се одржаа во март 2013 година, вкупно 1.743.403 граѓани имаа право на глас, а во споредба со предвремените парламентарни избори во 2011 година, избришани се 119 илјади луѓе кои не поседувале биометриски документи за идентификација.

ОБСЕ/ОДИХР препорачува ДИК да изготви анализа на податоците со цел да увиди дали постојат групи на лица со повеќе евиденции, а со неа би се извршило и надгледување на работењето на другите институции кои доставуваат податоци за регистрираните гласачи. Во извештајот е наведено дека е потребно потполно да се развијат капацитетите на ДИК за да ја преземе одговорноста за водење на регистарот на избирачи.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG