Посетата на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис е за поздрав, велат експертите, кои очекуваат тоа да биде само првиот чекор во интензивирање на соработката и контактите меѓу Македонија и Грција на политички план. Бутарис, иако порача дека не е политичар кој се бави со надворешна политика, сепак истакна дека соседните држави треба да живеат меѓусебно, а проблеми постоеле и ќе постојат секогаш. Според него, ако постои добро расположение кај двете држави за решавање на тие проблеми, тие ќе се решат.
Професор Нано Ружин вели дека секој контакт меѓу Грција и Македонија е добар за да се разбие митот дека двете земји немаат добрососедски односи.
„Еден коректен, еден пријатен чекор за воспоставување на одредена доверба меѓу двете држави и сметам дека овој вид на комуникација е пожелно да продолжи и да се прошири. Практично двете држави се сега во малку непријатна ситуација, Македонија веќе подолго време е во криза, Грција исто така и сметам дека единствено со дијалог, со разбирање, со взаемни контакти, со пријателски односи, со размена на културите, тие би се придвижиле“, вели Ружин.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека Бутарис важи за полиберален политичар и доколку примил добри пораки за време на посетата во Скопје, истите ќе бидат пренесени во Солун, што во секој случај е добар исчекор во подобрување на односите.
„Секако е потребно такви чекори, такви активности што почесто и час поскоро да се спроведуваат, затоа што во ситуација на блокирани, затегнати односи меѓу двете службени политики, секое отворање на нови канали на комуникација и да потенцирам, на нови добронамерни канали на комуникација, сигурно ќе го олеснат комуницирањето и на странките кои се дел од затегнатите односи“, вели Муслиу.
Според Ружин, на потег е Македонија, која освен на економски и туристички план, треба со Грција да ја развие и политичката соработка.
„Мислам дека сега македонската страна е на потег и би требало овој момент да се искористи да се резултира со позитивни движења“, вели Ружин.
Односите меѓу Македонија и Грција на политички план се замрзнати поради спорот со името, кој ја кочи интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ.
Еден коректен, еден пријатен чекор за воспоставување на одредена доверба меѓу двете држави и сметам дека овој вид на комуникација е пожелно да продолжи.Нано Ружин, универзитетски професор.
Професор Нано Ружин вели дека секој контакт меѓу Грција и Македонија е добар за да се разбие митот дека двете земји немаат добрососедски односи.
„Еден коректен, еден пријатен чекор за воспоставување на одредена доверба меѓу двете држави и сметам дека овој вид на комуникација е пожелно да продолжи и да се прошири. Практично двете држави се сега во малку непријатна ситуација, Македонија веќе подолго време е во криза, Грција исто така и сметам дека единствено со дијалог, со разбирање, со взаемни контакти, со пријателски односи, со размена на културите, тие би се придвижиле“, вели Ружин.
Секако е потребно такви чекори, такви активности што почесто и час поскоро да се спроведуваат.Алберт Муслиу, политички аналитичар.