Во пресрет на декемврискиот самит на Европската унија, а по повеќе од еден месец откако Комисијата го достави извештајот за напредокот на нашата земја, опозицијата оценува дека состојбите во областите за кои имаше забелешки се влошени.
Лидија Димова од Советот за евроинтеграции на СДСМ, вели дека власта не покажува резултати во ниту една од областите кои комисијата ги посочи како критични во извештајот.
„Од ад-хок комисијата апсолутно ништо не е направено. Медиумите, дури тука има влошување кај законот за медиуми, Европската комисија дури излезе со став да ја раздува практично маглата што ја создаваше владата дека мора да се донесе закон за медиуми. Кажа дека тоа не е ситуација, дека не е услов ние да донесеме закон. Политичкиот дијалог останува проблематичен, интеретничките односи се такви какви што се, еве во последно време видовме дека има и нови проблеми.“
Од владејачката ДУИ со генерална оценка дека Владата и ресорните министерства забрзано работат на реформите кои беа посочени од страна на Комисијата.
„Ресорните министерства и воопшто владата работат сега во подготовка на агендата, односно реформите во пресрет на декемврискиот самит на министрите на ЕУ. Ќе видиме кој ќе биде исходот и што понатаму“, рече Ермира Мехмети од ДУИ.
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими неодамна изјави дека веднаш по добивањето на октомврискиот извештај почнале да функционираат сите работни комитети кои треба да произведат акциски план.
„Во тек е работната група за изборниот законик и работната група што се однесува на дијалогот со новинарите, понатаму дебатите што се организираат од страна на секретаријатот за имплементација на Охридскиот рамковен договор во однос на преминување во наредна фаза, како и во однос на прашањето за името. Значи разни иницијативи со кои ние би укажале наша конструктивност во однос на добрососедските оноси.“
Димова пак вели дека акцискиот план за отстранување на неправилностите во извештајот е само формална заложба која како што вели никогаш не ја видел светлината на денот.
„Повторно истата реторика и повторно нема производ, освен ако не го објавуваат, ако е таен акциски план, тогаш се повлекувам, меѓутоа нешто објавено не сме виделе.“
Од секретаријатот за европски прашања порачуваат дека во наредниот период не само декларативно, туку и де факто сите политички фактори во земјата треба да се посветат на реформите кои треба да се почувствуваат и во работата на институциите, но и во секојдневниот живот на граѓаните.
Ресорните министерства и воопшто владата работат сега во подготовка на агендата, односно реформите во пресрет на декемврискиот самит на министрите на ЕУ. Ќе видиме кој ќе биде исходот и што понатаму.Ермира Мехмети, ДУИ.
Лидија Димова од Советот за евроинтеграции на СДСМ, вели дека власта не покажува резултати во ниту една од областите кои комисијата ги посочи како критични во извештајот.
„Од ад-хок комисијата апсолутно ништо не е направено. Медиумите, дури тука има влошување кај законот за медиуми, Европската комисија дури излезе со став да ја раздува практично маглата што ја создаваше владата дека мора да се донесе закон за медиуми. Кажа дека тоа не е ситуација, дека не е услов ние да донесеме закон. Политичкиот дијалог останува проблематичен, интеретничките односи се такви какви што се, еве во последно време видовме дека има и нови проблеми.“
Повторно истата реторика и повторно нема производ, освен ако не го објавуваат, ако е таен акциски план, тогаш се повлекувам.Лидија Димова, Совет за евроинтеграции на СДСМ.