Достапни линкови

Цар Душан - вистинска меѓувладина кавга или?


Споменикот на Цар Душан во центарот на Скопје.
Споменикот на Цар Душан во центарот на Скопје.

Што се крие зад овие случувања? Дали на овој начин се обидуваат да го отргнат вниманието на јавноста пред претстојниот самит на ЕУ.

Се уште не се идентификувани сторителите кои се обидоа да го урнат споменикот на Цар Душан, но од министерството за внатрешни работи велат дека интензивно го истражуваат случајот, но во интерес на истрагата, не објавуваат детали.
Како партија која што е во коалиција и која што е дел од власта се разбира дека сносиме одговорности за таквата атмосфера.
Ермира Мехмети, ДУИ.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение вчера посочија дека институциите треба да постапат согласно законот што го дефинира ова прашање. А сите оние кои учествувале во чинот на уништување на споменикот да сносат одговорност.

Случувањата со споменикот на Цар Душан покрена низа прашања
за функционирањето на владината коалиција. Дали ова е кавга меѓу партнерите или пак предизборно сценарио? Што се крие зад овие случувања? Дали на овој начин се обидуваат да го отргнат вниманието на јавноста пред претстојниот самит на ЕУ.

Ермира Мехмети од ДУИ вели дека евроинтеграциите се главното прашање кое ги обединува сите во
Мислам дека генерално тоа нема да влијае на коалицијата, односно на владејачкото мнозинство, без разлика што и ДУИ се еден од иницијаторите на некој начин за тргање на тој споменик.
Малиша Станковиќ, Социјалистичка партија на Македонија.
земјава, и гарантира кохезија, а кога тоа е блокирано, тогаш се генерираат кризи, се поставуваат контроверзни споменици за кои не се знае кој ги нарачува и поставува.

„Таквиот однос и таквиот пристап кон прашањата генерира внатрешни незадоволства, нешто што ние не сакаме да го гледаме, ниту пак сакаме да бидеме дел од создавањето на таа атмосфера, а како партија која што е во коалиција и која што е дел од власта се разбира дека сносиме одговорности за таквата атмосфера.“

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска не успеавме да добиеме коментар за односите во коалицијата, дали имаат вистински проблеми или пак ова е вештачка криза.

Од Социјалистичката партија која е дел од владејачката коалиција, велат дека случувањата со споменикот на Цар Душан се еден наметнат спор, непријатна ситуација која нема одраз со реалната состојба во земјата. Малиша Станковиќ од СПМ вели дека споменикот беше поставен три-четири недели пред да се случат настаните, но тогаш немаше некоја посебна реакција од политичарите.

„Сметам дека за многу кратко време ќе се смират страстите и на тој начин ќе се надмине овој повеќе политички наметнат, отколку реален спор. Мислам дека генерално тоа нема да влијае на коалицијата, односно на владејачкото мнозинство, без разлика што и ДУИ се еден од иницијаторите на некој начин за тргање на тој споменик.“

Централното претседателство на ДУИ синоќа одржа редовна седница, но во соопштението на партијата не се наведува дали на состанокот станало збор и за споменикот на Цар Душан.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG