Полицијата ги спречи демонстрантите кои се обидоа со црна наметка да го покријат споменикот на Цар Душан во цетарот на Скопје. Групата организирана преку социјалната мрежа „Фејсбук“ одржа краток протест околу пладне а за настанот беа ангажирани полициски екипи кои го обезбедуваа мостот „Око“ на кој е поставено спомен обележјето и од една страна го затворија влезот на кејот на реката Вардар.
Предводникот на групата од дваесетина лица, Африм Гаши, вели дека цел на протестот не била да се оштети споменикот.
„Нашата цел не беше да го уриваме или оштетиме споменикот, туку симболично, со црна наметка, да го изразиме срамот што ни е предизвикан со поставувањето на овој споменик, нелегално, без одлука и без да се каже кој тоа го поставил Цар Душан“, рече Гаши.
Протестот следи по синоќешниот обид за уривање на споменикот. Група лица со дрвени палки и чекани успеале да го скршат жезлото и крстот на скулптурата. Гаши вели дека тој нема никаква врска со синоќешниот настан.
„Ние сме против во Скопје, каде живеат и Македонци и Албанци и други етнички заедници, да стои споменик на личност која била окупатор на овие простори и која направила и злосторства“, рече Гаши, според кого, иако групата не успеала да го покрие Царот Душан со црна наметка, пораката е испратена.
Засега не е јасно со чија дозвола е поставено спомен-обележјето кое предизвикува дебати во Македонија. Никој од централната и локалната власт не кажува кој го дал одобрението за поставување на споменикот, нити, пак, од каде се обезбедени финансии. Од Демократската партија на Србите во Македонија претходно најавија дека ќе се постави споменик на Царот, но од Министерството за култура каде заменик – министерот е од ДПСМ велат дека не знаат кој го нарачал и поставил обележјето.
Нашата цел не беше да го уриваме или оштетиме споменикот, туку симболично, со црна наметка, да го изразиме срамот што ни е предизвикан со поставувањето на овој споменик, нелегално, без одлука и без да се каже кој тоа го поставил Цар Душан.Африм Гаши, предводник на протестот.