Достапни линкови

Заедно до побезбедно општество


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Граѓаните се загрижени за безбедноста во државата. Од полиција порачуваат дека безбедноста зависи од сите и сите заеднички треба да се грижат за неа.

И покрај мерките што ги превзема полицијата за превенирање на насилството со зголемено присуство на автобуските постојки, улиците и пред училиштата граѓаните велат дека тоа не е доволно.
Фактот што на секое ќоше се случува нешто што не треба да се случува, особено што младите го поттикнуваат тоа е најстрашно и не се чувствувам безбедно.
Анкетиран граѓанин.

Граѓаните и натаму се најмногу загрижени за појавата на серија инциденти на терен во кој се вклучени млади луѓе најчесто деца, а особено има незадоволство за насилство поттикнато од меѓуетничка основа. Млади луѓе, деца се пресметуваат на улици и во автобуси, а се почесто се користи и оружје во пресметките, велат граѓаните. Власта очигледно покажува капацитет
единствено по случувањата да ги открие сторителите, иако има и обврска да обезбеди основна сигурност за сите граѓани во државата, како за Македонците, така и за Албанците сметаат некои од граѓаните.

„Фактот што на секое ќоше се случува нешто што не треба да се
Соработката меѓу полицијата и граѓаните претставува наша стратешка определба со цел доближување до европските стандарди.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.
случува, особено што младите го поттикнуваат тоа е најстрашно и не се чувствувам безбедно воопшто затоа што за многу случаи што се случиле не гледам дека направиле нешто да се исправи тоа.“

„Сум била сведок на неколку инциденти и никој ништо не презел. И да стои полиција до тебе, а некој за ташна да ве влезе, ништо нема да преземат, те гледа, а ништо не прави.“

Меѓутоа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска порачува дека безбедноста зависи од сите и сите заеднички треба да се грижат за неа. Полицијата е таа која ги има овластувањата и има најголема одговорност околу анализите, проектите и мерките кои се преземаат, но без соодветна поддршка од граѓаните, резултатите што ги посакуваме и јавноста ги очекува од нас не можат да бидат задоволителни, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„Соработката меѓу полицијата и граѓаните претставува наша стратешка определба со цел доближување до европските стандарди во сите области на работење на полицијата.“

Затоа,како што додаде на прес-конференција по повод одбележувањето на 9 декември - Денот на превенција, се промовира проектот „Полицијата блиска до граѓаните“ и се зголемува соработката и присуството во заедницата. За 2014 година Јанкулоска најави почнување проекти за посета на стари лица што живеат во одреден безбедносен реон, неформални средби со граѓани, средби со нови станари и обиколки на згради, разговори и размена на мислења со студенти сместени во студентските домови, состаноци со бизнис заедницата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG