Една од компаниите на индискиот бизнисмен Субрата Рој во Македонија е затворена. Според податоците од Централниот регистар на Македонија, фирмата „Друштво за градежништво и услуги Сахара Глобал Цом ДОО увоз-извоз Скопје“ е во ликвидација. Контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој поседува уште една фирма во Македонија, Сахара Глобал ДООЕЛ.
Во Сахара групацијата велат дека едната компанија во Македонија, која реално и не функционира, ја затвораат затоа што и досега сите трансакции и проекти се спроведувани од втората компанија.
„Со поставување на новиот менаџер на компанијата и вработувањата на нов кадар од Македонија што во моментот се вршат, сите дејствија, како и досега, ќе продолжат да се одвиваат преку Сахара Глобал ДООЕЛ којашто ќе биде компанија претставник на Сахара во Македонија. Ова е чисто техничка работа што е направена за поедноставување на процедурите, не само во Македонија, туку и во рамките на системот на Сахара за полесно следење на финансиските текови на проектите“, велат во групацијата.
Компанијата Сахара Глобал Цом ДОО е во ликвидација од 30 ноември годинава. Еден ден претходно, на седницата за пратенички прашања, премиерот Никола Груевски рече дека времето ќе покаже дали индискиот бизнисмен ќе инвестира во Македонија.
„Ние не сме рекле ниту дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Ние сме кажале дека компанијата покажа интерес, а самиот сопственик на компанијата, јавно, во интервјуа кажа кој е неговиот интерес“, рече премиерот Груевски на седницата за пратенички прашања.
Дел од аналитичарите оваа изјава ја протолкуваа како знак дека ни премиерот веќе не е сигурен во инвестициите од Субрата Рој.
Во индиската групација велат дека затворањето на едната од нивните фирми во Македонија е чисто техничко прашање кое нема да влијае на инвестициите на Сахара во Македонија.
„Компанијата има веќе и македонски тим што долго време работи на проектите заедно со индискиот кој подолго време е во Македонија. Поедноставување на процедурите за интерната работа значат само поголеми посветување на реализација на проектите поставени во Македонија, каде сега се вклучени и македонски експерти. Отворено е претставништво во Штип, се работи на терен, се очекува почеток на градба, подготовките на споменикот на Мајка Тереза се во последна фаза, а во исто време се подготвуваме за финализација на документите за проектот Сахаријан во Охрид. Поради тоа засилена е регрутацијата на кадри од Македонија кои ни се неопходни за завршување на проектите“, стои во одговорот што го добивме од Сахара групацијата во сопственост на Субрата Рој.
Врховнот суд на Индија неодамна го замрзна имотот на индискиот бизнисмен и му забрани да ја напушта земјата.
Ова е чисто техничка работа што е направена за поедноставување на процедурите, не само во Македонија, туку и во рамките на системот на Сахара за полесно следење на финансиските текови на проектите.Сахара групација.
Во Сахара групацијата велат дека едната компанија во Македонија, која реално и не функционира, ја затвораат затоа што и досега сите трансакции и проекти се спроведувани од втората компанија.
„Со поставување на новиот менаџер на компанијата и вработувањата на нов кадар од Македонија што во моментот се вршат, сите дејствија, како и досега, ќе продолжат да се одвиваат преку Сахара Глобал ДООЕЛ којашто ќе биде компанија претставник на Сахара во Македонија. Ова е чисто техничка работа што е направена за поедноставување на процедурите, не само во Македонија, туку и во рамките на системот на Сахара за полесно следење на финансиските текови на проектите“, велат во групацијата.
Ние не сме рекле ниту дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Ние сме кажале дека компанијата покажа интерес, а самиот сопственик на компанијата, јавно, во интервјуа кажа кој е неговиот интерес.Никола Груевски, премиер.