Судири на протестите во Киев
100 илјади луѓе демонстрираа во Киев во знак на протест по непотпишувањето на Спогодбата за потесни врски со Европската унија. Притоа имаше и блиски средби со полицијата. Судири имаше кај претседателството кое го чуваат специјални сили, кога во зградата се обидоа да влезат стотина маскирани луѓе.