Достапни линкови

Без оптимизам пред декемврискиот самит на ЕУ


Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија Александра Кас Грање.
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија Александра Кас Грање.

Ние не можеме во овој момент со сигурност да кажеме дека препораката на ЕК оваа година ќе добие зелено светло од страна на сите земји членки на ЕУ, но во никој случај ова не значи Македонија да одбере друг пат. Најдобриот пат е Македонија да стане рамноправна членка во ЕУ и во НАТО, рече вицепремиерот Фатмир Бесими.

Нашата определба за влез во Европската унија останува цврста независно од исходот на декемврискиот самит на Европската унија, порача вицепремиерот Фатмир Бесими, откако заедно со директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија, Александра Кас Грање, потпиша две спогодби за финансирање меѓу Владата и Европската комисија. Бесими додаде дека реформската агенда и евроатланската иднина на земјава се во интерес на граѓаните и токму затоа Македонија нема друг пат, освен европскиот.
Ние не можеме во овој момент со сигурност да кажеме дека препораката на ЕК оваа година ќе добие зелено светло од страна на сите земји членки на ЕУ, но во никој случај ова не значи Македонија да одбере друг пат. Најдобриот пат е Македонија да стане рамноправна членка во ЕУ и во НАТО.
Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции.

„Ние не можеме во овој момент со сигурност да кажеме дека препораката на ЕК оваа година ќе добие зелено светло од страна на сите земји членки на ЕУ, но во никој случај ова не значи Македонија да одбере друг пат. Најдобриот пат е Македонија да стане рамноправна членка во ЕУ и во НАТО“, рече Бесими.

Интензивно работиме за да се осигураме дека ќе биде продолжена спогодбата за стабилизација и асоцијација со Македонија, чиј рок истекува на почетокот од идната година, рече Кас Грање. Додаде дека Унијата ќе продолжи да работи со земјава во нејзините напори да стане дел од европското семејство.

„Не мислам дека Комисијата ќе се повлече од сите овие препораки. Целосно сме посветени на оваа наша задача и тоа и ќе продолжи“, вели Кас Грање.
Ниту ние треба да бидеме загрижени, ниту земјата треба да биде загрижена дека ќе има проблем со европската агенда на оваа земја, на Република Македонија за членство во ЕУ, значи нема да има прекин.
Александра Кас Грање, директорка на Директоратот за проширување на Европската комисија.

Македонија ќе продолжи да ги исполнува обврските од спогодбата за стабилизација и асоцијација, вети вицепремиерот Бесими. Се надева дека институциите на Унијата ќе бидат креативни во насока на пронаоѓање на механизми за отпочнување на втората фаза на договорот за стабилизација и асоцијација.

„Во наредниот период ќе се разгледуваат сите опции како процесот да покаже напредок во однос на формалните аспекти за втората фаза. Ние затоа исто така имаме една интензивна дипломатска агенда во однос на комуникација на овие аспекти“, рече Бесими.

Кас Грање повтори дека постојат области во кои треба да се подобри ситуацијата и оти има проблеми на кои треба да се работи, но исто така додаде дека бил забележан и одреден напредок.

„Ниту ние треба да бидеме загрижени, ниту земјата треба да биде загрижена дека ќе има проблем со европската агенда на оваа земја, на Република Македонија за членство во ЕУ, значи нема да има прекин“, рече Кас Грање.

Вицепремиерот Бесими повтори дека работните комитети интензивно работат на подготовка на акцискиот план за надлежностите на институциите и динамиката на реализација, а најави и дека веќе е изработен акциски план за приоритетите на сите институции, кој редовно ќе се следи секоја седмица.

Според Бесими, денешното потпишување на финансиските спогодби е уште еден доказ дека Македонија ја има целосната поддршка од Европската унија кон нејзината евроатланска определба.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG