Во Собраниска процедура се влезени нови измени во Законот за работни односи. Тоа ќе бидат трети измени на овој закон оваа година, а во последните осум години Законот за работни односи се менува по 13 пат. Иако, измените овој пат не се суштински, се наметнува прашањето на што се должи пречестото менување на законот. За едни, тоа е тактика на владата граѓаните да не може да ги следат промените и да не си ги знаат правата, а за други, пак, е одговор на предизвиците на новото време и европската и светска економска и финансиска криза.
Артан Садику од Левичарското движење Солидарност вели дека целта на менувањата на Законот за работни односи е намалување на работничките права, а збунетоста од честите промени е само резултат на тоа.
„Сметам дека намерата е флексибилизација на пазарот на трудот, што значи зголемување на несигурноста на работниците на пазарот на трудот, а ефектите што ги предизвикува тоа, значи страничните ефекти се исто така и збунување и несигурност на работниците во однос на правната рамка која се однесува на нивните права“, вели Садику.
Претседателот на ССМ, Живко Митревски, пак вели дека промените се должат на предизвиците што ги носи кризата и оти ова се случува и во другите држави. Тој вели дека измените во последните три години се во насока на подобрување на работничките права.
„Од 2010 година па наваму навистина може да бидеме задоволни, барем во делот на измените кои беа понудени и кои беа договорени. За сите овие измени имаме исклучително значаен напредок, што договорено е и истите се реализираат на седници на Економско-социјален совет, каде што од 2010 па наваму социјалните партнери посебно може да дискутираат и да излезат со свои предлози и сугестии“, вели Митревски.
Досегашното искуство покажува дека работничките права во Македонија се намалуваат континуирано во изминативе 20 години.
ССМ деновиве стана полноправна членка во Меѓународната конфедерација на синдикатите, но Европската комисија во извештајот за напредокот на Македонија нотира дека капацитетот на синдикатите во Македонија сè уште е слаб.
Во извештајот на ЕК се наведува дека Економско-социјалниот совет ја зајакнал својата улога како форум за трипартитен социјален дијалог, со редовни состаноци, но забележува дека локалните економско-социјални совети кои беа формирани во неколку општини сè уште не се многу активни.
„Социјалниот дијалог во приватниот сектор останува слаб, посебно за колективното договарање. Учеството на социјалните партнери во процесот на креирање на политиките останува ограничено“, се наведува во Извештајот на ЕК.
Намерата е флексибилизација на пазарот на трудот, а ефектите што ги предизвикува тоа, значи страничните ефекти се исто така и збунување и несигурност на работниците во однос на правната рамка.Артан Садику, Левичарско движење Солидарност.
Артан Садику од Левичарското движење Солидарност вели дека целта на менувањата на Законот за работни односи е намалување на работничките права, а збунетоста од честите промени е само резултат на тоа.
„Сметам дека намерата е флексибилизација на пазарот на трудот, што значи зголемување на несигурноста на работниците на пазарот на трудот, а ефектите што ги предизвикува тоа, значи страничните ефекти се исто така и збунување и несигурност на работниците во однос на правната рамка која се однесува на нивните права“, вели Садику.
Од 2010 година па наваму навистина може да бидеме задоволни, барем во делот на измените кои беа понудени и кои беа договорени. За сите овие измени имаме исклучително значаен напредок.Живко Митревски, претседател на ССМ.