Република, која се смета за блиска по ставовите со владејачката партија, во најновиот уводник употребува термин „нова надворешна политика“. Дали тоа навестува некакви промени во досегашните политики во врска со името? Ќе видиме.
Република - Има ли излез од ќор-сокакот?
„Има ли излез од ќор-сокакот?“, е насловен уводникот во неделникот. Откако го прераскажува делот од обраќањето на премиерот Груевски во светската организација во врска со меѓународното право, авторот констатира дека грчката страна не се поместува од тврдата позиција и дека и официјално признала дека за нив, македонската нација е вештачка творба, со што отворено го оспорувала идентитетот на македонскиот народ. Дали говорот на премиерот реално може да повлијае на меѓународниот фактор, дали Македонија треба да ги замрзне преговорите, прашува Република и едновремено наведува дека треба да се најде одговор на прашањето како главните партии да ги усогласеле ставовите околу новата надворешна политика.
Откако подвлекува дека овој начин на решавање на проблемот е нефункционален, и Република ја прозива меѓународната заедница поактивно да се вклучи и да почне да разгледува алтернативни сценарија за решавање на проблемот.
Глобус - Таленти: Каишари
И една друга колумна е посветена на говорот на премиерот во Њујорк, но овојпат, критички настроена: Во „Таленти: Каишари“, во најновиот он-лајн Глобус, авторот изнесува мислење дека за разлика од патувачките забави на кои залудно им се додворува на потенцијалните инвеститори, настапот на Груевски во ОН бил остро интониран и дека премиерот ги искарал земјите членки и Организацијата поради неактивност и неодговорност, цитирам, „како да зборува пред членови на месна канцеларија на ДПМНЕ во некоја рурална средина“. Прашањето за името продолжува да биде дежурна тема за свртување на вниманието на граѓаните, се заострува секоја есен пред самитот на ЕУ, иако однапред се знае каква ќе биде одлуката за почнување преговори. Решавањето на прашањето за името е од историски интерес за Македонија, но не може да се реши ако за блокадата се виновни Грција, ЕУ, НАТО, Обединетите нации... сите, освен властите во Скопје - пишува Глобус.
Фокус - економски двојни стандарди
Уводникот во Фокус ја поставува дилемата: ем трети во Европа според порастот на БДП, ем според истиот БДП, ама годишно по жител (факт што упорно се премолчува), 3.616 евра! А Грците, на пример, кои само што не пропаднале финансиски, имаат 16.000 евра годишно, речиси 5 пати повеќе од нас. Чесите – 13.000, Германците 30.000 евра! Затоа, економскиот двоец Груевски-Ставревски има сериозна причина да биде среќен, а како што тргнала работава, а Фокус тоа го напиша во козеријата, ќе дојде денот кога ММФ ќе ја замоли македонската влада да прикочи со растот зашто ќе стане закана во новиот глобален светски поредок! - се подбива Фокус.
Грчката страна не се поместува од тврдата позиција и официјално признава дека за нив, македонската нација е вештачка творба, со што отворено го оспорувава идентитетот на македонскиот народ.Република.
Република - Има ли излез од ќор-сокакот?
„Има ли излез од ќор-сокакот?“, е насловен уводникот во неделникот. Откако го прераскажува делот од обраќањето на премиерот Груевски во светската организација во врска со меѓународното право, авторот констатира дека грчката страна не се поместува од тврдата позиција и дека и официјално признала дека за нив, македонската нација е вештачка творба, со што отворено го оспорувала идентитетот на македонскиот народ. Дали говорот на премиерот реално може да повлијае на меѓународниот фактор, дали Македонија треба да ги замрзне преговорите, прашува Република и едновремено наведува дека треба да се најде одговор на прашањето како главните партии да ги усогласеле ставовите околу новата надворешна политика.
Прашањето за името продолжува да биде дежурна тема за свртување на вниманието на граѓаните, се заострува секоја есен пред самитот на ЕУ, иако однапред се знае каква ќе биде одлуката за почнување преговори. Решавањето на прашањето за името е од историски интерес за Македонија, но не може да се реши ако за блокадата се виновни Грција, ЕУ, НАТО, Обединетите нации... сите, освен властите во Скопје.Глобус.