Достапни линкови

Груевски - Македонците нема да прифатат преименување


Обраќање на премиерот Никола Груевски во ОН.
Обраќање на премиерот Никола Груевски во ОН.

Република Македонија, согласно меѓународното право, има право да се самоименува и да го именува својот идентитет како македонски“, рече премиерт Груевски во своето обраќање пред ОН. Тој порача дека ОН не смее да седат со скрстени раце и да бидат задоволни со статус кво ситуацијата, оти,како што рече, тоа е покажување на дополнителна неодговорност.

Македонскиот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван, а ако ова прашање не може да се реши сега, иако ние сме најзаинтересирани за негово решавање, тогаш некоја друга генерација во поинакви околности ќе може да го реши, истакна премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Македонскиот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван, а ако ова прашање не може да се реши сега, иако ние сме најзаинтересирани за негово решавање и искрено посакуваме решение кое ќе е одржливо, балансирано и најбитно взаемно прифатливо, тогаш некоја друга генерација во поинакви околности ќе може да го реши ама токму врз база на вредностите, позициите и принципите кои претходно ги наведов, а кои говорат за праведно и правично решение, без победници и поразени.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

„Македонскиот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван, а ако ова прашање не може да се реши сега, иако ние сме најзаинтересирани за негово решавање и искрено посакуваме решение кое ќе е одржливо, балансирано и најбитно взаемно прифатливо, тогаш некоја друга генерација во поинакви околности ќе може да го реши ама токму врз база на вредностите, позициите и принципите кои претходно ги наведов, а кои говорат за праведно и правично решение, без победници и поразени. Но, лично сметам дека ние не смееме да ги оставаме жешките теми на идните генерации, туку мора да се обидуваме да најдеме решение и да смогнеме сили да обезбедиме просперитет за државите и регионот, рече Груевски додадавајќи дека Република Македонија, согласно меѓународното право, има право да се самоименува и да го именува својот идентитет како македонски“, рече Груевски.

Нагласи дека решавањето на разликите со јужниот сосед е наш приоритет, но токму и само во рамките на границите на резолуциите на ОН кои го дефинираат решението кое е предмет на разговори и взаемно прифатливото решение, и никако на друг начин.
ОН треба, свесни за оваа сега веќе безизлезна ситуација, да помогнат со своите механизми, преку Генералното Собрание, па и Советот за безбедност, врз основа на чија резолуција разговараме со нашиот сосед, да се дојде до решение кое ќе ги одглави перспективите на мојата земја. Во спротивно, ОН ќе се соочи повторно со неуспех и ќе сноси одговорност заради нереагирањето согласно сопствените принципи и вредности.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

Груевски изрази убедување дека со суштински ангажман на меѓународната заедница може да се дојде до решение кое ќе ги одглави перспективите на Република Македонија. Според него, примерите на Србија и Косово, Хрватска и Словенија, каде на највисоко ниво политичките претставници ги надминуваат предизвиците, се најдобар доказ дека со овој начин се постигнуваат резултати. Притоа ги повика сите присутни на Генералното собрание директно да се вклучат кон реализација на оваа иницијатива и кон надминување на застојот.

„Со вашиот ангажман да обезбедите интензитет и придвижување, поголем интерес од грчка страна за решение и прогрес. Постапките говорат за оние кои ги преземаат, ние токму со нашата отвореност и со нашата иницијатива, која е оправдана, покажуваме дека ние сакаме решение. Но, нашите средби не смее да бидат проформа, туку суштински и не смее да создава алиби за неизнаоѓање на решение, нагласи Груевски, според кој одолговлекувањето на решението на спорот носи нови предизвиците и во земјата, но и на регионално ниво, но расте и тензичноста во определени момент.“

Груевски потсети дека македонската страна постојано иницира конретни чекори со цел да почнат суштински разговори што би резултирале со евентуално решение.

Според него, доколку нема придвижување, ОН не смее да седат со скрстени раце и да бидат задоволни со статус кво ситуацијата, оти како што рече тоа е покажување на дополнителна неодговорност.

„ОН треба, свесни за оваа сега веќе безизлезна ситуација, да помогнат со своите механизми, преку Генералното Собрание, па и Советот за безбедност, врз основа на чија резолуција разговараме со нашиот сосед, да се дојде до решение кое ќе ги одглави перспективите на мојата земја. Во спротивно, ОН ќе се соочи повторно со неуспех и ќе сноси одговорност заради нереагирањето согласно сопствените принципи и вредности“, оцени Груевски.

Во својот говор македонскиот премиер изрази отворена поддршка за пристапите на Обединетите Нации за надминување на меѓународните предизвици и потсети дека Македонија активно придонесува во промоцијата на мирот на меѓународно ниво, учествувајќи во меѓународните мисии кои ја обезбедуваат слободата и демократијата. Говорејќи за едно од главните прашања, кризата во Сирија и внатрешениот конфликт истакна дека употребата на хемиско оружје не треба да се толерира. Груевски се заблагодари на претседателот и на генералниот секретар на ОН за нивниот ангажман и водство при поставувањето на новата развојна рамка за планирање и по 2015 година, надградувајќи ги, како што рече, милениумските развојни цели со економската, општествената и еколошката димензија на одржливиот развој.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG