Билатералните односи во одбраната е добро да се развиваат независно од тоа какви се политичките или економските односи меѓу Македонија и Косово. Ова е коментарот на експертите во врска со протоколот за воена соработка што го потпиша министерот за безбедност на Косово Агим Чеку и неговиот македонски колега Талат Џафери.
Имајќи ги предвид меѓународните односи, добро е секоја соседна земја со соодветниот партнер да развива добрососедски односи во секоја смисла, па во таа смисла и во одбраната, изјави Благоја Марковски од Балканскиот Форум за безбедност. Марковски нагласува дека протоколот треба да се гледа само во однос на добрите пријателски односи исклучиво во одбраната.
„Се развиваат и воопшто добрососедските односи, но и довербата меѓу двата партнера, односно двата соседи. Овој договор се однесува исклучително на сферата на одбраната и таа соработката ќе биде во тој однос, не во поширок однос во контекст на економската соработка, во контекст на другите меѓународни прашања.“
Неодамна односите меѓу Македонија и Косово беа обременети поради трговски спор. Македонија на косовското трговско ембарго одговори така што секој косовски граѓанин што ќе сака да влезе во државава мораше да плати две евра.
Назми Малиќи посочува дека со потпишувањето на вакви договори се развиваат и воопшто добрососедските односи и соработката.
„Се разбира, се работи за перспективни средби што имаат значење и за другите политички што се поврзуваат, како меѓугранична соработка. Доброто комуницирање меѓу двете влади и понатаму е во еден вообичаен тек на дипломатските добри односи меѓу двете држави.“
Марковски посочува дека во одбраната има многу области во однос на кои може да се соработува во смисла на тоа како може да се постигнат стандардите на современите одбранбени системи.
„Да се разминуваат искуства од постигнатиот степен на развој на едната земја во однос на другата, да се развиваат односи во смисла на размена на обука, искуства во осовременувањето на системите на одбрана, значи се во таа смисла, но не и пошироко во некои други контексти на општото живеење.“
Овој договор се однесува исклучително на сферата на одбраната и таа соработката ќе биде во тој однос, не во поширок однос во контекст на економската соработка, во контекст на другите меѓународни прашања.Благоја Марковски, Балкански Форум за безбедност.
Имајќи ги предвид меѓународните односи, добро е секоја соседна земја со соодветниот партнер да развива добрососедски односи во секоја смисла, па во таа смисла и во одбраната, изјави Благоја Марковски од Балканскиот Форум за безбедност. Марковски нагласува дека протоколот треба да се гледа само во однос на добрите пријателски односи исклучиво во одбраната.
„Се развиваат и воопшто добрососедските односи, но и довербата меѓу двата партнера, односно двата соседи. Овој договор се однесува исклучително на сферата на одбраната и таа соработката ќе биде во тој однос, не во поширок однос во контекст на економската соработка, во контекст на другите меѓународни прашања.“
Неодамна односите меѓу Македонија и Косово беа обременети поради трговски спор. Македонија на косовското трговско ембарго одговори така што секој косовски граѓанин што ќе сака да влезе во државава мораше да плати две евра.
Доброто комуницирање меѓу двете влади и понатаму е во еден вообичаен тек на дипломатските добри односи меѓу двете држави.Назми Малиќи, универзитетски професор.