Грција, па Грција. Дали за акцијата „Шпион“ или за името, сеедно. Неделниците се полни со анализи и текстови за овие две теми и за тоа дали некој ги продава државните и националните интереси.
Република - Атина е на линија со Бихаќка
Република на насловна вади резиме од интервјуто со првата полицајка, Гордана Јанкулоска, дека „Атина е на линија со Бихаќка“. Јанкулоска ова го темели врз фактот дека грчкиот Катимерини го цитирал ставот на СДСМ за „Шпион“ како потврда за сомненијата на грчката влада за оправданоста на акцијата. Воведникот на неделникот со наслов: „Единствени во неединството“ исто така ја прозива опозицијата дека ја подрива позицијата на Македонија кога потпретседателката Шеќеринска во интервју за грчката верзија на Еуроактив ја обвинува, како што пишува, сопствената влада дека го злоупотребува спорот за името за домашни потреби. И дека ја девалвира акцијата на МВР за разбивање на шпионската мрежа која оддавала тајни на соседна држава уште пред наводно да биде соопштено за што се уапсени осомничените.
Фокус - Штом апси грчки шпиони - не е предавник!
А Фокус во воведникот насловува: „Штом апси грчки шпиони - не е предавник!“ Можеби со најновите тапии за грчки шпиони верифицирани од судот, како дел од патриотските игри на власта – пишува – ќе биде направен солиден баланс за полесно да мине некаква евентуална „предавничка“ мисија за компромис. Зашто тој што лови грчки платеници, тој не може да биде предавник. Просто ко гравче! - заклучува Фокус. И како „Сигурно, најсигурно, дури и веројатно“ - неделникот прогнозира дека „Проблемот за името наскоро ќе се реши!“ Фокус тврди дека Нимиц од последната балканска турнеја не се вратил со празни раце и дека компромисот веќе му бил на „тацна“: Македонија да попушти околу местото на додавката, Грција околу „ерга омнес“. Може ли наскоро да се очекува заемно прифатливото име да биде „Република Горна Македонија“ за најширока можна употреба?“ - завршува Фокус.
Глобус - Афера Шпион: Директен пренос од строго доверливата истрага
А Глобус пишува: „Афера Шпион: Директен пренос од строго доверливата истрага“ за да потсети дека „властите велат дека целата истрага ќе се води во тајност бидејќи се работи за исклучително доверливи информации. Тие сознанија секоја приквечерина „истекуваат“ на вестите на „пријателските телевизии и портали“ - забележува неделникот, анализирајќи ја некоординираноста во изјавите на Јанкулоска и нејзиниот портпарол, Котевски. На пример, дека „осомничените биле следени со години, а дека доказниот материјал бил обезбеден откако бил уапсен велешанецот, поранешен припадник на безбедносните сили, во акцијата „Ликвидација“, значи неодамна, заклучува Глобус.
Може ли наскоро да се очекува заемно прифатливото име да биде „Република Горна Македонија“ за најширока можна употреба?Фокус.
Република - Атина е на линија со Бихаќка
Властите велат дека целата истрага ќе се води во тајност бидејќи се работи за исклучително доверливи информации. Тие сознанија секоја приквечерина „истекуваат“ на вестите на „пријателските телевизии и портали“.Глобус.