Невладините организации ХЕРА, Реактор, Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и Коалицијата за заштита на сексуалните права на маргинализираните заедници и професорката Каролина Ристова - Астеруд, денеска покренаа постапка за оценување на уставноста на новиот Закон за абортус.
Астеруд вели, да може законот да зборува би го кажал следното – „да јас не го спорам уставното право на жената да може сама да изврши прекин на бременоста, меѓутоа го оневозможувам и целосно го попречувам, по каприц на Министерот за здравство, односно извршната власт“.
„А сето тоа наводно заради грижа за здравјето на жената и без речиси никакво право на правна, односно судска заштита. И не само што го правам тоа, не само што го нарушувам ова уставно право, туку заради грижа за здравјето на жената, го правам тоа и со повреда на физичкиот интегритет на жената, достоинството, нејзината приватност и серија други уставни права на жената.“
Според неа врвното достигунуввање на законот е поништување на сите вредности на кои се темели современата македонска држава, односно принципот на рамноправност меѓу половите.
„Затоа што со целиот мој концепт овде, повторно заради грижа за здравјето и животот на жената, практично и го одземам граѓанскиот субјективитет и деловната способност на жената сама да ги носи здравствените одлуки и избори и на тој начин практично ја третирам како малолетна, како неспособна ментално самата да расудува.“
Иницијаторите и Астеруд изразија надеж дека Уставниот суд ќе ги прифати нивните аргументи.
„Се надеваме дека Уставниот суд ќе ја прифати таа аргументација, тоа се многу очигледни и солидни аргументи и дека ќе застанат во одбрана и на Уставот на Република Македонија, но уште повеќе, за нас најбитно, ќе ја одбранат уставната рамноправност на жените со мажите и уставното право на жената слободно да одлучува за раѓањето на децата.“
Пратениците по скратена постапка го усвоија законот пред два месеци и покрај протестите од невладините организации кои бараа да се повлече предлогот.
А сето тоа наводно заради грижа за здравјето на жената и без речиси никакво право на правна, односно судска заштита. И не само што го правам тоа, не само што го нарушувам ова уставно право, туку заради грижа за здравјето на жената, го правам тоа и со повреда на физичкиот интегритет на жената, достоинството, нејзината приватност и серија други уставни права на жената.Каролина Ристова - Астеруд, универзитетски професор.