„НЕ“ на насилството и „ДА“ за создавање на свет за меѓусебно почитување и толеранција. Оваа е пораката што денеска средношколците во девет града низ Македонија ја испратија од градските плоштади. Учениците учествуваа во превентивно - едукативниот проект поддржан од Мисијата на ОБСЕ за безбедни училишта. Средношколците велат дека насилството е честа појава во нивните училишта.
„Кога е мирно и ние се чуствуваме добро, ама кога ситуацијата не е добра и ние не се чуствуваме безбедни, не се чуствуваме заштитени.“
„За тепачките во училиштата тоа најмногу зависи од карактерот на луѓето и од домашното воспитување на децата“, велат учениците.
Како можни причини за насилството и тепачките во училиштата, средношколците ги набројуваат нетоларанцијата, меѓуетничките несогласувања, но и разликата во социјалниот статус на децата.
„Нетрпеливоста мислам дека е на прво место, како основна причина за насилство.“
„Мислам дека можеби сакаат да се докажат со тепачките“, велат дел од анкетираните ученици.
Тие велат дека понекогаш се плашат да се возат во автобусите, особено по минатогодишните инциденти.
Организаторите на настанот велат дека годинава проектот ќе биде проширен во уште 20-тина училишта. Тие објаснуваат дека целта на проектот е справување со растечкиот проблем на насилното однесување.
„Проектот има задача да ги обучи училиштата како да развиваат училишни политики, протоколи и програми за превенција и идентификација и справување со насилството, како и градење на безбедноста на училиштата преку активности за подигање на свесноста и активности кои се насочени кон намалување на насилството кај младите“, вели организаторот.
Началничката од полициска станица во Скопје Цена Чалјевска во своето обраќање пред учениците истакна дека за да биде успешен проектот „Безбедни училишта“, потребна е соработката од сите клучни фактори.
„Со оглед на тоа што училиштето е вашиот втор дом, би било убаво сите заедно да се потрудиме и да го на правиме училиштето, покрај хармонично, да биде безбедно“, вели Чалјевска.
Целта е да се придонесе за подигнување на свеста кај младите за разбирање, почитување и уважување, во функција на навремено и ефикасно превенирање, но и за практично намалување на училишното и друго насилство. Во овој проект учествуваат Министерствата за внатрешни работи и образование, средните и основните училишта, Мисијата на ОБСЕ и локалната самоуправа со цел продолжување на превентивните активности за едукација и заштита на малолетничката популација од девијантни појави.
Кога е мирно и ние се чуствуваме добро, ама кога ситуацијата не е добра и ние не се чуствуваме безбедни, не се чуствуваме заштитени.Анкетиран ученик.
„Кога е мирно и ние се чуствуваме добро, ама кога ситуацијата не е добра и ние не се чуствуваме безбедни, не се чуствуваме заштитени.“
„За тепачките во училиштата тоа најмногу зависи од карактерот на луѓето и од домашното воспитување на децата“, велат учениците.
Како можни причини за насилството и тепачките во училиштата, средношколците ги набројуваат нетоларанцијата, меѓуетничките несогласувања, но и разликата во социјалниот статус на децата.
Проектот има задача да ги обучи училиштата како да развиваат училишни политики, протоколи и програми за превенција и идентификација и справување со насилството, како и градење на безбедноста на училиштата преку активности за подигање на свесноста и активности кои се насочени кон намалување на насилството кај младите.организатор на манифестацијата.