Незадоволството лесно се манипулира, а политичките партии се во состојба да го искористат тоа во своја корист. Вака домашните екперти ги анализираат последните инциденти во Струга и во Чаир. Меѓуетничките тензии прераснаа во меѓуверски, а тоа само покажа дека во мултиетничка Македонија се уште нема доверба меѓу етничките заедници, вели професор Мирјана Малеска.
„Во ваква ситуација кога се појавуваат инциденти, значи дека тука нешто апсолутно не е во ред и дека може да се доведе во прашање државата, нејзината целовитост, нејзината безбедност, не треба многу за меѓуетнички проблеми кај нас.“
Малеска порачува властите соодветно и побрзо да реагираат. Осуда од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не е доволна, вели таа и додава дека надлежните мора да работат на зголемување на меѓуетничката доверба, па дури и преку пропагирање на идеологијата „се е подобро од конфликти!“
„Мнозинството тука се разбира има поодговорна улога, тоа се Македонците, тие структури горе, кои даваат тон, кои даваат насока на другите граѓани како треба да се однесуваат, затоа се очекува од власта, од Владата, да направи многу повеќе отколку што прави на овој план.“
Дури и во најнормални услови, мултиетничките држави се проблематични за демократско функционирање. Експертите велат дека секогаш е тешко да се усогласат ставовите за различни прашања, надгласувањето и наоѓањето консензус.
Ова што деновиве се случува е продолжување на низата меѓуетнички тензии. Почнувајќи од инцидентите на Калето, преку спортските навивања со национализтичка основа, сега се случуваат протести во Струга и едностраната одлука на општина Чаир за преименување на четири училишта. Тие се реакции на кои Владата мора да внимава, посочува професор Алајдин Демири.
„Тие се тие реакции следат и на тоа Владата мора да смета, тие рекации сега засега се емоционални, меѓутоа можат да прераснат во нешто посериозно.“
Протестите во Струга кои резултираа со палење на македонското знаме, вандализмот и симнувањето на македонското знаме од јарболите на општинската зграда, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ги осуди, исто како и постапкиата во Чаир. Од оваа партија соопштија дека споменатите постапки се надвор од начелата и не претставуваат добар пример за меѓусебното почитување и рабирање. Според опозицискиот СДСМ, пак, одлуката на општина Чаир е класично политичко насилство кое ја разјадува довербата меѓу Македонците и Албанците, а инцидентите во Струга недозволиви.
Во ваква ситуација кога се појавуваат инциденти, значи дека тука нешто апсолутно не е во ред и дека може да се доведе во прашање државата, нејзината целовитост, нејзината безбедност, не треба многу за меѓуентнички проблеми кај нас.Мирјана Малеска, универзитетски професор.
„Во ваква ситуација кога се појавуваат инциденти, значи дека тука нешто апсолутно не е во ред и дека може да се доведе во прашање државата, нејзината целовитост, нејзината безбедност, не треба многу за меѓуетнички проблеми кај нас.“
Малеска порачува властите соодветно и побрзо да реагираат. Осуда од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не е доволна, вели таа и додава дека надлежните мора да работат на зголемување на меѓуетничката доверба, па дури и преку пропагирање на идеологијата „се е подобро од конфликти!“
„Мнозинството тука се разбира има поодговорна улога, тоа се Македонците, тие структури горе, кои даваат тон, кои даваат насока на другите граѓани како треба да се однесуваат, затоа се очекува од власта, од Владата, да направи многу повеќе отколку што прави на овој план.“
Тие рекации следат и на тоа Владата мора да смета, тие реакции сега засега се емоционални, меѓутоа можат да прераснат во нешто посериозно.Алајдин Демири, универзитетски професор.