Сашо Велески, машински инженер по професија, советник во втор мандат на општинскиот Совет, е првиот социјалдемократ на Прилеп. Во конкуренција од седуммина партиски членови кои аплицираа за оваа престижна функција на локално ниво, лидерот Зоран Заев одлучи Велески да ги реши закоравените проблеми во прилепската општинска организација.
Јавна тајна е дека меѓучовечките односи не се на завидно ниво, дека постои голема подвоеност на приврзаници на новите и старите гарнитури, многу лични интереси, калкулации кои резултираа со губење на изборите во три последователни циклуси.
За Велески нема веќе простор за алиби, иако, како што вели, постојат многу рационални и објективни причини поради кои СДСМ броеше загуби на изборите. Тој сега најавува нов тим, со нова енергија, елан, млади кадри кои ќе работат деноноќно, но не на детектирање, туку на решавање на сите проблеми.
„Би сакал да им ветам на членовите и симпатизерите дека единството што можеби недостасуваше во нашата општинска организација, дека тоа ќе го надминеме и дека општинската организација ќе се обедини. Наш единствен политички противник ни е најголемата партија на власт во градот и во државата, ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Велески.
Тој најавува турбо активности и сигурна победа на изборите на пролет, а членството тоа го очекува од него.
„Кратко и јасно, значи посплотен, поединствен и пожелен за победа“, рече Велески.
„Мислам дека во секоја партија има такви поделби, ама се надевам, мислам дека новиот претседател дека е способен и вреден, да го обедини сето тоа, да бидеме сплотени и мислам дека со него треба да бидеме победници на следните избори“, изјавуваат членови на партијата.
Прилепчани, пак, независно од политичката определба, ги лоцираат проблемите во градот. Приоритет даваат на економските прашања.
„Средување на градот, отворање на фабрики, мислам најмногу на невработеност.“
„Превозот мислам дека е проблем и што во Точила не ни прават улици, што не ни ги асфалтираат.“
„Прво економијата, невработеност, скапијата, тоа е основното, невработеноста, тие се основните човечки проблеми, за младите, а ние сме пензионери можеме да протуркаме, потребите се на младите“, велат анкетираните прилепчани.
Во секој случај, очекувањата од новиот лидер на прилепските социјалдемократи се големи, колку од членството, толку од граѓаните. Сите велат дека нема веќе за прошка, се чекаат дела кои го подобрат животот во градот, ќе ја стопираат белата чума и масовното иселување на младите во странство по работа и подобар живот воопшто.
Би сакал да им ветам на членовите и симпатизерите дека единството што можеби недостасуваше во нашата општинска организација, дека тоа ќе го надминеме и дека општинската организација ќе се обедини. Наш единствен политички противник ни е најголемата партија на власт во градот и во државата, ВМРО-ДПМНЕ.Сашо Велески, претседател на СДСМ Прилеп.
Јавна тајна е дека меѓучовечките односи не се на завидно ниво, дека постои голема подвоеност на приврзаници на новите и старите гарнитури, многу лични интереси, калкулации кои резултираа со губење на изборите во три последователни циклуси.
За Велески нема веќе простор за алиби, иако, како што вели, постојат многу рационални и објективни причини поради кои СДСМ броеше загуби на изборите. Тој сега најавува нов тим, со нова енергија, елан, млади кадри кои ќе работат деноноќно, но не на детектирање, туку на решавање на сите проблеми.
Прво економијата, невработеност, скапијата, тоа е основното, невработеноста, тие се основните човечки проблеми, за младите, а ние сме пензионери можеме да протуркаме, потребите се на младите.Анкетиран граѓанин на Прилеп.