Советниците на граѓанската иницијатива „Обнова за Преспа“ преминаа во редовите на советничката група на Социјалдемократскиот сојуз во општина Ресен. Станува збор за тројца советници од граѓанското здружение кое пред локалните избори се претставуваше како независно. „Обнова за Ресен“ е предводена од поранешниот градоначалник од СДСМ, Димитар Бузлевски, кој годинава истапи како независен кандидат за прв човек на градот и беше исклучен од партијата.
Живко Гушаревски од „Обнова за Преспа“ вели:
„Нашата советничката група ќе се обедини со советничката група на Социјалдемократскиот сојуз. Ние сите сме членови доста години на СДСМ. Би го нарекол ова враќање на отпишаните“, вели Гушаревски.
Советниците од СДСМ изјавија дека започна окрупнувањето на партијата.
„Тоа не е цел само на Ресен, туку и на државата, во следниот период СДСМ да се окрупнува со цел да се спротивставиме силно на политиките на сегашната власт со цел да се подобри живеењето на граѓаните на Македонија“, изјави Методија Карапалевски.
Но, дали ова обединување ќе значи и враќање на Бузлевски во СДСМ. Карапалевски вели:
„Не сме ние луѓето кои би дале изјава дали Бузлевски се враќа, на кој начин, пристапот. Формата ја слушнавте, а за начинот и понатамошните активности ќе бидете известени во најскоро време со екипирање на општинската партиска организација на СДСМ во Ресен“, вели Карапалевски.
Градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека со преминувањето на советниците во СДСМ нема да предизвикаат промени во соодносот на силите меѓу опозицијата и локалната власт. Од 15 советници, сега шест ќе има СДСМ, а осум Коалицијата за подобра Македонија. Но, тој смета дека „Обнова за Преспа“ изманипулирала 3.500 ресенчани кои гласале за нив како независна опција.
„Некои излитени транзициони политичари кои ја ограбуваа и уништуваа Преспа во изминатите 20 години, глумеа независни кандидати, за сега да се обидат на мала или голема врата да се вратат во старото јато, каде што им е и местото“, изјави Стрезовски.
Екс градоначалникот Бузлевски телефонски соопшти дека одлуката ја донесле советниците сами без негово влијание и дека нема намера да се врати во политика.
Нашата советничката група ќе се обедини со советничката група на Социјалдемократскиот сојуз. Ние сите сме членови доста години на СДСМ. Би го нарекол ова враќање на отпишаните.Живко Гушаревски, советник во Општина Ресен од граѓанската иницијатива „Обнова за Преспа“.
Живко Гушаревски од „Обнова за Преспа“ вели:
„Нашата советничката група ќе се обедини со советничката група на Социјалдемократскиот сојуз. Ние сите сме членови доста години на СДСМ. Би го нарекол ова враќање на отпишаните“, вели Гушаревски.
Советниците од СДСМ изјавија дека започна окрупнувањето на партијата.
„Тоа не е цел само на Ресен, туку и на државата, во следниот период СДСМ да се окрупнува со цел да се спротивставиме силно на политиките на сегашната власт со цел да се подобри живеењето на граѓаните на Македонија“, изјави Методија Карапалевски.
Тоа не е цел само на Ресен, туку и на државата, во следниот период СДСМ да се окрупнува со цел да се спротивставиме силно на политиките на сегашната власт со цел да се подобри живеењето на граѓаните на Македонија.Методија Карапалевски, советник од СДСМ во Општина Ресен.