Нереално е да се очекува дека по два квартали раст има значаен пад на стапката на невработеност, сметаат упатените, по тврдењата на премиерот дека растот на Бруто домашниот производ има придонесено кон зголемување на вработеноста во Македонија.
Економската теорија диктира дека за значајни промени во економскиот систем потребен е годишен раст од околу пет проценти или повеќе. Можеби има намалување на невработеноста на хартија, смета правникот и поранешен синдикалец Драге Јовановски.
„Административно можеби бришеле уште повеќе, затоа што гумата ако се употребува повеќе, повеќе се брише. Може и сите да ги избришете од завод, така што ќе се дојде до бројка нула“, вели Јовановски.
Премиерот Никола Груевски рече дека не е случајно тоа што токму во овој период невработеноста „паднала од психолошката граница од 30 отсто на 29,9 отсто што не се случило никогаш досега откако постои анкетата за работна сила“. Каква е таа психолошка граница на невработеност? Дали речиси 30 отсто од луѓето во Македонија не работат поради психички проблеми? Јовановски одговара:
„Мислам дека тоа е така кажано, колку нешто да се каже. Што значи тоа психолошка граница, никој не утврдил некаква граница на невработеност“, вели Јовановски.
Дел од странските медиуми лани ја ставија Македонија во категоријата на најлоши економии во светот по основ на невработеност, повикувајќи се на податоци од Светската банка. Речиси сите граѓани анкетирани за рубриката Хајд Парк на нашата интернет страница ги посочуваат економските како главни проблеми во земјава од независноста до денес.
„Економските проблеми се основни, затоа што е огромна бројката на невработени.“
„Економија, невработеност“, велат анкетираните граѓани.
Марјанчо Николов од опозицискиот СДСМ смета дека не може да се очекува драстичен пад на невработеноста по позитивни резултати за само два квартали:
„Во секој случај, овој раст, којшто споредено со ниската база од минатата година, не може да се каже дека е толку значителен што веднаш отвора нови работни места и врз основа на тоа да се намалува невработеноста. Мислам дека во поголем дел невработеноста може да се намалува најмногу поради административно бришење на невработените или заминувањето на голем број на македонски граѓани на печалба во странство“, вели Николов.
Останува да се види како ќе се движи Бруто домашниот производ до крајот на годината и дали растот кој наводно отвора нови работни места ќе претрпи последици од трговската војна со соседно Косово.
Административно можеби бришеле уште повеќе, затоа што гумата ако се употребува повеќе, повеќе се брише. Може и сите да ги избришете од завод, така што ќе се дојде до бројка нула.Драге Јовановски, поранешен синдикалец.
Економската теорија диктира дека за значајни промени во економскиот систем потребен е годишен раст од околу пет проценти или повеќе. Можеби има намалување на невработеноста на хартија, смета правникот и поранешен синдикалец Драге Јовановски.
„Административно можеби бришеле уште повеќе, затоа што гумата ако се употребува повеќе, повеќе се брише. Може и сите да ги избришете од завод, така што ќе се дојде до бројка нула“, вели Јовановски.
Во секој случај, овој раст, којшто споредено со ниската база од минатата година, не може да се каже дека е толку значителен што веднаш отвора нови работни места и врз основа на тоа да се намалува невработеноста. Мислам дека во поголем дел невработеноста може да се намалува најмногу поради административно бришење на невработените или заминувањето на голем број на македонски граѓани на печалба во странство.Марјанчо Николов, СДСМ.