Едно од барањата кои се доставени до новите локални власти во Дебар е целосна транспарентност на општинските институции. Дел од советниците и групи на граѓани сметаат дека има потреба одлуките на Советот на општината да бидат целосно обелоденети. Најчесто се оценува дека следењето на седниците на општинскиот Совет треба целосно да бидат емитувани на локалните електронски медиуми, за да можат граѓаните да видат како се донесуваат одлуките на советниците кои се избрани од нивна страна.
„Тоа е нормално барање на граѓаните. Ако се пренесуваат целосно седниците на советот, но и седниците на комисиите на советот тогаш граѓаните ќе можат целосно да бидат информирани за работата на нивните претставници во локалната власт. Од друга страна ако граѓаните вложиле средства за потребите на локалната самоуправа сигурно дека бараат да знаат како се носат одлуките. Мора да се најде решение локалната власт да склучи договори со локалните телевизии на македонски и албански јазик да се пренесуваат целосно седниците на советот и комисиите, а зошто да не и одлуките кои се однесуваат на тендери“, вели членот на Советот на општина Дебар Јакуп Марку.
Марку кој инаку е независен советник е еден од оние советници кои даваат силна поддршка на целосната транспарентност на седниците.
И советничката Лумтурие Џафа која е од редовите на ДУИ ја поддржува оваа иницијатива, но додава дека тоа многу зависи и од материјалните можности на општината за да им плати за тоа на локалните телевизии.
„И јас мислам дека треба целосно да се пренесуваат седниците на советот на локалните електронски медиуми. Така ќе бидат целосно информирани за донесените одлуки и начинот како тие се донесуваат. Но се зависи и од средствата кои ги има Буџетот за таквата намена“.
Советот на оопштина Дебар кој го раководи колицијата на ДУИ, а во која се уште и советниците на ВМРО- ДПМНЕ,СДСМ и Партијата за национално движење на Турците засега нема конкретен став околу оваа барање.
Во анкетите што ги реализиравме со граѓани на Дебар во врска со оваа иницијатива има различни ставови:
„Врз основа на можностите што ги имаат локалните телевизии , не е лошо телевизиите да ги пренесуваат особено седниците на Советот. Тоа дава можност седниците да се транспарентни, со што граѓаните ќе ги видат и дискусиите на советниците . Во моментов ние сме сведоци дека граѓаните во последните години не баш целосно се информирани за се она што се случува во Советот , но и за одлуките кои ги носат“, вели еден анкетиран граѓанин на Дебар.
Другиот анкетиран граѓанин додава:
„Како граѓанин на Дебар немам информации за тоа како се донесуваат одлуките во Советот. Можеби тоа е затоа што јас лично не сум многу заинтересиран за тоа како работи Советот, но сметам и дека треба да знае народот за содржината на одлуките. Во врска со тоа дали треба целосно да се емитуваат седниците на Советот, јас мислам дека не треба. Има работи кои не треба да ги гледаат граѓаните.“
Во последно време,граѓаните сметаат дека најбитни се одлуките кои во Дебар, Советот ги донесува во сферата на урбанизмот, но и објавувањето на тендерите .
Тоа е нормално барање на граѓаните. Ако се пренесуваат целосно седниците на советот, но и седниците на комисиите на советот тогаш граѓаните ќе можат целосно да бидат информирани за работата на нивните претставници во локалната власт. Од друга страна ако граѓаните вложиле средства за потребите на локалната самоуправа сигурно дека бараат да знаат како се носат одлуките.Јакуп Марку, член на Советот на општина Дебар.
„Тоа е нормално барање на граѓаните. Ако се пренесуваат целосно седниците на советот, но и седниците на комисиите на советот тогаш граѓаните ќе можат целосно да бидат информирани за работата на нивните претставници во локалната власт. Од друга страна ако граѓаните вложиле средства за потребите на локалната самоуправа сигурно дека бараат да знаат како се носат одлуките. Мора да се најде решение локалната власт да склучи договори со локалните телевизии на македонски и албански јазик да се пренесуваат целосно седниците на советот и комисиите, а зошто да не и одлуките кои се однесуваат на тендери“, вели членот на Советот на општина Дебар Јакуп Марку.
Марку кој инаку е независен советник е еден од оние советници кои даваат силна поддршка на целосната транспарентност на седниците.
Како граѓанин на Дебар немам информации за тоа како се донесуваат одлуките во Советот. Можеби тоа е затоа што јас лично не сум многу заинтересиран за тоа како работи Советот, но сметам и дека треба да знае народот за содржината на одлуките.Анкетиран граѓанин.