Старица во Прилепско се самоубила фрлајќи се во бунар, триесетгодишен тетовец се самоубил пукајќи си со пиштол во срцето, а мртво момче предозирано со дрога е пронајдено во Велес. Според статистичките податоци, секој втор ден во Македонија се случува по едно самоубиство или обид за самоубиство. Две третини од лицата што се одлучуваат да си го одземат животот се мажи. Ова во кратки црти се најважните податоци од статистиката на полицијата за првите шест месеци од годинава.
Според податоците на МВР, стотина луѓе годишно се обидуваат да си го скратат животот. Само во првото полугодие од годинава, 76 луѓе се самоубиле, а регистрирани се и 105 обиди за самоубиство.
„Во првото полугодие од 2012 година во Република Македонија се регистрирани 92 самоубиства и 104 обиди за самоубиства, а во првото полугодие од оваа година регистрирани се 76 самоубиства и 107 обиди за самоубиства. Ова се податоци за територијата на целата република. Во Скопје, во првата половина од 2012 година се регистрирани 12 самоубиства и 5 обиди за самоубиства, додека за истиот период од оваа година се регистрирани 12 самоубиства и 10 обиди за самоубиства“, вели Марија Јаковлевска, советник во секторот за односи со јавност во МВР.
Во изминатите пет години повеќе од 600 граѓани си го одзеле животот. Бројот на самоубиства во последниве години е многу поголем споредено со пред десетина години.
Според полициските податоци, причините се семејни проблеми, сиромаштија, влошена здравствена состојба, депресија, проблеми во љубовни врски и осаменост. Според статистиката, најчесто лицата кои посегнуваат по сопствениот живот се над 35-годишна возраст.
Во полицискиот билтен за 2011 година е наведено дека 46 од 77 самоубиства биле извршени со бесење, по девет со употреба на оружје и труење, четворица се удавиле, а шестмина скокнале од височина.
Психијатарот и психотерапевт Викторија Вујовиќ вели дека најчесто причини за самоубиства се лошата социо-економска ситуација, душевна болка или семејни проблеми.
„Осамените луѓе, луѓето кои ја немаат поддршката од семејствата, луѓето кои не се во работен однос или кои ја изгубиле работата спаѓаат во ризични групи, особено во ситуации на тие егзистенцијални состојби кога нема каде да се обратат. Знаете, ние имаме ситуации кога се самоубиваат луѓе во третото доба што е невообичаено, затоа што тогаш не почнуваат душевните растројства“, вели Вујовиќ.
Таа додава дека полициските бројки не се конечни затоа што тука не спаѓаат и луѓе кои имаат суицидално однесување, како што се на пример дел од сообраќајните незгоди каде што суицидалниот потенцијал е во возење на автомобил со голема брзина или под дејство на алкохол.
„Кревањето рака на себе, можам да кажам дека кога човек се наоѓа во длабоко депресивно отстапување, тоа не може да го направи, во оној момент кога следи подобрувањето, тогаш може да собере енергија и да крене рака на себе, може да биде момент на импулсивност, кој во позадина нема никаква историја на психијатриско заболување, може да биде во период на адолесценција кај младите кои се така навидум безначајни, кога за една блуза или оценка се крева рака на себе, а за жал многу пати тие обиди завршуваат кобно“, вели Вујовиќ.
Превентивата е во рацете на здравствените работници или семејството, односно навремено препознавање на суицидалниот потенцијал кај луѓето, велат психијатрите.
Во првото полугодие од 2012 година во Република Македонија се регистрирани 92 самоубиства и 104 обиди за самоубиства, а во првото полугодие од оваа година регистрирани се 76 самоубиства и 107 обиди за самоубиства. Ова се податоци за територијата на целата република.Марија Јаковлевска, советник во секторот за односи со јавност во МВР.
Според податоците на МВР, стотина луѓе годишно се обидуваат да си го скратат животот. Само во првото полугодие од годинава, 76 луѓе се самоубиле, а регистрирани се и 105 обиди за самоубиство.
„Во првото полугодие од 2012 година во Република Македонија се регистрирани 92 самоубиства и 104 обиди за самоубиства, а во првото полугодие од оваа година регистрирани се 76 самоубиства и 107 обиди за самоубиства. Ова се податоци за територијата на целата република. Во Скопје, во првата половина од 2012 година се регистрирани 12 самоубиства и 5 обиди за самоубиства, додека за истиот период од оваа година се регистрирани 12 самоубиства и 10 обиди за самоубиства“, вели Марија Јаковлевска, советник во секторот за односи со јавност во МВР.
Осамените луѓе, луѓето кои ја немаат поддршката од семејствата, луѓето кои не се во работен однос или кои ја изгубиле работата спаѓаат во ризични групи, особено во ситуации на тие егзистенцијални состојби кога нема каде да се обратат. Знаете, ние имаме ситуации кога се самоубиваат луѓе во третото доба што е невообичаено, затоа што тогаш не почнуваат душевните растројства.Викторија Вујовиќ, психијатар и психотерапевт.