Достапни линкови

Годинава во Македонија регистрирани 78 самоубиства


Што е тоа што ги тера младите да посегнат по својот живот. Само годинава петмина велешани го сторија токму тоа. На ниво на целата држава, од почетокот на годинава МВР регистрирало 78 самоубиства.

Што е тоа што ги тера младите да посегнат по својот живот. Само годинава петмина велешани го сторија токму тоа. Експертите велат причините секогаш се различни. Но кога станува збор за адолесценти тогаш психолозите велат, ова е најранливата категорија.

„Во делот на причините можат да бидат психосоматски пореметувања, депресија, шизофренија, пореметување на самата личност, може да се јави како причина алкохолизмот и другите зависности, хронична или телесна болест, неизлечлива болест, како причина може да се јави незадоволството во љубовта, учењето, нарушените семејни односи, некоја адолесцентна криза, претрпена траума, страв кај самата
Она што социолозите би рекле што ги тера младите на самоубиство е неинтегрираноста во заедницата или недоволната интегрираност
личност.“

вели психологот Асен Прличков. Последниот случај кога петнаесетгодишна девојка со скокање од прозорот од сопствениот дом си го одзема животот, го отвара прашањето што е тоа што младите ги тера на самоубиство.

„Она што социолозите би рекле што ги тера младите на самоубиство е неинтегрираноста во заедницата или недоволната интегрираност, тука се вклучени семејството, друштвото, пријателите, школските групи, клсот, одделението каде што адолесцентот учи.“

вели социјологот Маја Хеско.Семејството е клучната алка за правилниот развој на младите. Психолозите и социјолозите велат дека родителите мораат да ги препознаат промените во однесувањето на нивните деца.

„Можат да бидат во промената на самата личност, претходно била весела и ведра потоа се јавува ситуација да биде потиштена повлечена
Во делот на причините можат да бидат психосоматски пореметувања, депресија, шизофренија, пореметување на самата личност, може да се јави како причина алкохолизмот и другите зависности
само во себе, неможе да се сконцентрира на работата или учењето, промена во спиењето, малку спие или има ноќни мори, покажува преголема загриженост за одредени ситуации, често е присутно чуството на вина за било кој проблем се обвинува себе си , така да многу знаци укажуваат.“

вели психологот Прличков. Што да се направи за да се спречи самоубиствената идеја.

„Давањето на подршка на младите од семејството заради нивните проблеми, училиштето заради успехот или неуспехот, религијата некогаш и таа помага во создавање на еден модерен систем во заедницата.“

вели социјологот Хеско. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, во првата половина од годинава во Македонија се самоубиле 78 луѓе. Причините за самоубиствата најчесто не можат да се утврдат, бидејки ретко кој остава проштално писмо.Последната жртва во Велес оставила проштално писмо но во него според полициски извори небила наведена причината за самоубиството.
XS
SM
MD
LG