За потребата од обединување зборуваат сите политички и општествени фактори, но останува прашањето дали може да дојде до тоа во услови на толку јасно изразен антагонизам? Што значи обединувањето и околу што може да се обединат македонските граѓани.
Режисерот Слободан Унковски, во интервју за Радио Слободна Европа, што во целост ќе го емитуваме в недела, вели дека кога власта зборува за обединување, всушност зборува за тоа другата страна да ги смени ставовите и да ги прифати нивните, а тоа според него не е обединување, туку предавање.
„Се зборува едната страна да се предаде, да ги напушти своите идеи, мислења и да се поклони на ставовите на другата страна, што не е соединување, туку е пораз, признавање на другата реалност, што за мене е неприфатливо. Се разбира, јас сум несреќен што македонското тело е поделено така остро како што е, по мое чувство, меѓутоа, од друга страна, сметам дека не може да се каже само – ’ајде сега ќе се смириме‘, туку мора да ги расчистиме работите. Ако не ги расчистиме во дијалог, ќе мора да ги расчистиме на друг начин, што не е добро“, вели Унковски.
Тој вели дека антиквизацијата и лустрацијата се дел од комплексна низа акции кои имаат за цел бришење на придобивките од асномска Македонија. Светилниците на Македонија во еден период биле Кирил и Методиј, во друг период се илинденците, а потоа – партизаните, вели Унковски и нагласува дека македонското општество треба да расчисти што е Македонија денес, што сака и каде ја гледа својата перспектива.
„За да се споиме, што е неопходно, за да дојдеме до разбирање, ние мора да ги продискутираме клучните прашања кои се разнишани последни години и тие прашања треба да видиме како ќе ги дискутираме понатаму. Значи ние немаме базичен дијалог за ништо“, вели Унковски.
Тој вели дека таа јавна дебата треба да почне час поскоро, за да не биде предоцна.
Социологот Илија Ацески е песимист дека може да дојде до такво обединување во овој момент, зашто што антагонизмите потекнуваат од највисоките политички нивоа.
„Кога еден лидер, сега да не му го споменувам името, иронизира, пазете, иронизира со оној другиот, тука е крајот, тука нема соработка, тука нема единство, тука нема ништо. Тоа влегува во, како би рекол, поединечна, лична патологија на луѓето коишто се носители на врвни партиски и државни функции“, вели Ацески.
Тој вели дека нема потреба да има заеднички став за секое прашање, но мора да се постигне единство околу стратешките прашања за државата.
За да се споиме, што е неопходно, за да дојдеме до разбирање, ние мора да ги продискутираме клучните прашања кои се разнишани последни години и тие прашања треба да видиме како ќе ги дискутираме понатаму. Значи ние немаме базичен дијалог за ништо.Слободан Унковски, режисер.
Режисерот Слободан Унковски, во интервју за Радио Слободна Европа, што во целост ќе го емитуваме в недела, вели дека кога власта зборува за обединување, всушност зборува за тоа другата страна да ги смени ставовите и да ги прифати нивните, а тоа според него не е обединување, туку предавање.
Кога еден лидер, сега да не му го споменувам името, иронизира, пазете, иронизира со оној другиот, тука е крајот, тука нема соработка, тука нема единство, тука нема ништо. Тоа влегува во, како би рекол, поединечна, лична патологија на луѓето коишто се носители на врвни партиски и државни функции.Илија Ацески, социолог.