Достапни линкови

Скопје го преживеа земјотресот, ќе преживее и сега


Разурнатото Скопје по земјотресот од 26 јули 1963.
Разурнатото Скопје по земјотресот од 26 јули 1963.

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година кога загинаа над илјада луѓе, а без дом останаа 200 илјади луѓе, градот доби хуман лик. Половина век подоцна повторно се менува лицето на градот.

Во изминативе 50 години, Скопје два пати го смени својот лик. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година кога загинаа над илјада луѓе, а без дом останаа 200 илјади луѓе, градот доби нов хуман лик. Тој беше повторно изграден на плеќите на солидарноста во еден модерен и урбан град којшто ги задоволуваше тогашните потреби на скопјани. Приказната тука не заврши, низ годините Скопје се развиваше и растеше.
Личниот опис и по земјотресот се смени, значи такви стресови градот доживува и ова е еден таков стрес, можеби во помал обем и во друга конотација, значи не мора само да се урива, за да се осети болка за градот, фигуративно речено, може и несоодветно да се гради, да се создава со незнаење и постојат некакви други интенции кои не ни припаѓаат на нас како на граѓани.
Даница Павловска, Асоцијација на архитекти.

Претседателката на Асоцијацијата на архитекти Даница Павловска вели дека низ последниве 5 децении градот се разви и во него се создадоа репери на модерната во архитектурата.

„Тоа се наши објекти и простори, концепти и планови на кои сме многу горди, затоа што означуваат една развиена творечка мисла, современа и доста почитувана на едно интернационално ниво“, вели Павловска.

Во последниве неколку години градот претрпе уште една промена на личниот опис. Проектот Скопје 2014 остави нов печат. Правејќи паралела на промената на ликот на градот тогаш и сега, Павловска вели дека архитектите се оградуваат од тој проект и натаму инсистираат на негово преиспитување.

„Личниот опис и по земјотресот се смени, значи такви стресови градот доживува и ова е еден таков стрес, можеби во помал обем и во друга конотација, значи не мора само да се урива, за да се осети болка за градот, фигуративно речено, може и несоодветно да се гради, да се создава со незнаење и постојат некакви други интенции кои не ни припаѓаат на нас како на граѓани“, вели Павловска.

Во однос на просторното планирање и задоволувањето на потребите на жителите на Скопје, од Асоцијацијата на архитектите имаат забелешки на веќе постоечкиот генерален урбанистички план.
Архитектите му подарија споменик на градот Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00
Социологот Ѓорѓи Тоновски вели дека Скопје, според својот физички изглед, се вбројува во еден од поубавите модерни градови во Европа, но проблемот со она што се нарекува културна содржина на градот и натаму останува.
Скопје 2014-та има некоја друга намена и друга содржина, не е тоа насочено кон она што значи некаков поинтимен, поприсен контакт на граѓаните со урбаното живеење.
Ѓорѓи Тоновски, социолог.

„Мислам дека тука на овој план ние сме сè уште тенки, сè уште недостасуваат многубројни активности, многубројни објекти итн., преку коишто би можеле да кажеме дека живееме еден европски начин на живот“, вели Тоновски.

Тој додава дека сè уште недостасуваат содржини кои ќе направат скопјани да го почувствуваат домашниот амбиент на градот.

„Скопје 2014-та има некоја друга намена и друга содржина, не е тоа насочено кон она што значи некаков поинтимен, поприсен контакт на граѓаните со урбаното живеење“, вели Тоновски.

По повод одбележувањето на 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес и неговото повторно раѓање по него, Асоцијацијата на архитекти на градот му подади скулптура во облик на шатор. Споменикот е порака до новите генерации кои не го почувствувале постземјотресниот период кога Скопјани деновите ги поминувале пот шатори.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG