Достапни линкови

Хомофобијата ги разболува хомосексуалците


Психолозите и психијатрите на трибината што деновиве се одржа во Битола, дискутираат за хомофобијата и за тоа како таа се одразува врз функционирањето на хомосексуалците во денешно време.

Хомосексуалноста не е болест, а поради хомофобијата која постои кај нас, хомосексуалците стануват болни. Ова го истакнаа психолозите и психијатрите на трибината што деновиве се одржа во Битола.
Функционирањето на хомосексуалците во денешно време е доста отежнато. Се соочуваат со стигматизација, општествена, семејна, социјална магринализација која доведува до појава на дополнителни психолошки растројства кај нив.
Билјана Гагацовска, психијатар.

Билјана Гагацовска психијатар со повеќе годишно искуство во работа со хомосексуалци вели:

„Функционирањето на хомосексуалците во денешно време е доста отежнато. Се соочуваат со стигматизација, општествена, семејна, социјална магринализација која доведува до појава на дополнителни психолошки растројства кај нив. Страдаат од депресија, анксиозни растројства, постојано се изложени на стрес.“

Експертите толкувајќи ги најновите светски истражувања посочија дека сексуална наклонетост, односно предиспозицијата луѓето ја носат од раѓање и сите здравствени организации хомосексуалноста ја исфрлиле од листата на болести и растројства.

„Доаѓа пациент од тешка депресија, кој страда од несоници, промени во расположението, тага, немање волја за живот до степен на обиди за самоубиство. Во разговорите за тоа од каде доаѓа
Го имаме од античкиот период. Ние сме во нашата држава сега во некој антички филм. Ако сме во антички филм зошто не ја прифаќаме хомосексуалноста кога била многу застапена во тој период.
Фани Димитровска, психолог.
таа депресија, доаѓаме до сознание дека тој е хомосексуалец. Тој соопштува дека уште во времето кога одел во градинка сите негови другарчиња имале за симпатии девојчиња, јас, вели, имав симпатија другарче машко и првиот бакнеж ми беше со машко“, вели Гагацовска.

Таа додава:

„Понекогаш моите колеги психијатри се обидуваат да ја лекуваат хомосексуалноста. Ние не ја лекуваме неа, ние ги лекуваме последиците кои произлегуваат од нејзиното неприфаќање.“

Во Законот за заштита од дискриминација, во Македонија не е ставена сексуалната ориентација како основ. Тоа веќе две години предизвикува негодувања кај стручната јавност.

„Го имаме од античкиот период. Ние сме во нашата држава сега во некој антички филм. Ако сме во антички филм зошто не ја прифаќаме хомосексуалноста кога била многу застапена во тој период. Тоа може да се види и во сликарството, најчесто се наоѓаат машки тела со предизвикувачки облик и покажуваат интимност. И кај сите тие војски во тој период хомосексуалноста била застапена“, вели психологот Фани Димитровска.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG