Судирите со полицијата не е нов феномен за навивачите на трите најпопуларни фудбалски клубови во Турција. Она што е ново е дека тие сега се зближија против заеднички непријател.
Тие им се придружија на протестите против реновирањето на плоштадот Таксим кои потоа прерараснаа во движење против премиерот Реџеп Таип Ердоган.
„Мислиме дека Турција е диктаторска земја и оти слободата ни е ограничена“, вели 24-годишниот Бурак, навивач на „Бешикташ“, додавајќи дека затоа решиле да ги остават настрана навивачките бои и да се обидат да направат нешто заедничко со другите.
Навивачите на клубовите: „Бешикташ“, кој е во близина на плоштадот Таксим, „Фенербахче“ кој е на азиската и „Галатасарај“ кој e на европската страна на Истанбул се согласија на примирје, но анимозитетот меѓу нив продолжува.
Четин Чем Јилмаз, спортски новинар во „Хјуриет Дејли Њуз“ вели дека во минатиот месец било многу грдо меѓу навивачките страни. Имало и крави пресметки, додека навивачите на „Фенербахче“ непристојно и расистички навивале против фудбалскиот интернационалец Дидие Дрогба кој игра за „Галатасарај“.
Но, кога се проширија вестите дека полицијата со сила ги растерала протестите на Таксим на 31 мај, навивачите преку социјалните мрежи тргнаа да ги поддржат. Така се најдоа на истата страна зад барикадите
„Ние сме едно срце денеска. Вакво нешто немам видено. Сите сме ист тим за една голема идеја. Ги губиме нашите права и ова е шанса тоа да го кажеме гласно“, вели Амик Кемал Бора.
Од фудбалските клубови, само „Бешикташ“ има долга историја на политички активизам со левичарска ореинтација. Во логото на навивачката група на овој тим буквата А го означува симболот за Анархија.
Неколкумина фанови со кои зборуваше новинарот на Радио Слободна Европа Глен Кејтс во Истанбул велат дека тие се плашат за судбината на секуларното наследство што им го остави Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција.
Тие го критикуваат премиерот Ердоган за обид да ја врати земјата во исламот, а има и такви кои му забележуваат и за примирјето постигнато со сепаратистичката Курдска работничка партија.
Без оглед на политичките мотиви, навивачите велат дека уживаат во новоформираното другарство. Јилмаз смета дека нивното непријателство повторно ќе се разгори со новата фудбалска сезона, но оти сега ривалството ќе им биде поинакво.

Ние сме едно срце денеска. Вакво нешто немам видено. Сите сме ист тим за една голема идеја. Ги губиме нашите права и ова е шанса тоа да го кажеме гласно.Амик Кемал Бора.