Иако најави дека од лични и семејни причини ја дава оставката на местото ми министер за образование и наука, експертите причината за смената на Панче Кралев ја гледаат во неговата неможност да се справи со сериозните предизвици во овој ресор, но и тоа што тоа во последниве денови тоа резултираше со реакции во јавноста.
„Системот на ваква реакција го покажува тоа, дека таа реакција или промена не се прави за да се спроведе некоја владина програма или реформа, туку се прави поради друга логика, поради тоа што штети на угледот на партијата, на власта и тн., и само по себе е тоа проблематично“, вели аналитичарот Рамадан Рамадани од невладината НИСМА.
Испразнетото место во ресорот, премиерот Груевски решава да го пополни со досегашниот министер за труд и социјала Спиро Ристевски, а за неговото место е предложен досегашниот директор на скопскиот Катастар, Диме Спасов. Ваквото ротирање на функциите и појавувањето на истите имиња на високите функции во Владата, експертите го гледаат во потребата на премиерот да ги задржи своите блиски соработници во кои има доверба.
„Ова се испробани кадри, кадри кои што ете му се верни, верувам, во коишто има максимална доверба и затоа не се одлучува за нови луѓе“, изјави професор Темелко Ристевски.
„Сепак мисли дека основата на оваа работа е во позитивна насока. Според него, тимот сепак бил функционален во некоја смисла, што никако не е точно според овие резултати“, додава Рамадани според кого ваквото постапување испраќа и една друга порака.
„Се настојува да се прикаже дека еве и кога мора да смениме нешто, пак сме ние тие, во таа смисла.“
Покрај овие промени во Владата за нов министер без ресор е предложен Џери Наумов, а на заменичко-министерското место во локална самоуправа, Ѓорѓија Сајкоски. Заменик министер за локална самоуправа е Сашо Лазаровски кој неодамна беше избран за советник, а потоа и за претседател на Советот на Општина Карпош.
Ова се испробани кадри, кадри кои што ете му се верни, верувам, во коишто има максимална доверба и затоа не се одлучува за нови луѓе.Темелко Ристевски, универзитетски професор.