Со многубројни полициски сили и досега најголеми мерки за безбедност, вечер (од 20.30 часот) во Арената „Филип Втори“ во Скопје, ќе се одигра финалето на фудбалскиот куп на Македонија. Во него силите ќе ги одмерат тетовските клубови Шкендија и Тетекс, кои ќе се борат за првиот односно вториот триумф во Купот. Дуелите на овие екипи, поради различната етничка припадност на навивачките групи, секогаш биле со висок ризик, а тензијата пред денешната пресметка ја зголемува најавената поддршка за тетексовите „Војводи“ од вардаровите „Комити“, како и на чаирските „Шверцери“ за „Балистите“ на Шкендија.
Фудбалската федерација на Македонија и Министерството за внатрешни работи подготвија план за нивно безбедно пристигнување и влез во Арената, каде што ќе бидат сместени на различни трибини. Тоа треба да ја отстрани опасноста од физички пресметки, а на навивачите останува да ги прифатат советите за воздржување од националистички скандирања, за што е предвидено празнење на трибините, но и кривични пријави.
„Одржавме одделни состаноци со двете навивачки групи. Им укажавме неколку работи што мора да ги исполнат согласно Законот. Значи, пред се фер и коректно навивање. Им укажавме на некои работи од Законот за спречување на насилство. Ставот на
Федерацијата е доколку има таква работа, претставниците на Министерството за внатрешни работи да ги преземат сите мерки согласно Законот“, изјави комесарот за безбедност на ФФМ, Роберт Марковиќ.
Претходно кажаното, неправедно, во втор план ги става фудбалерите на двата тима. Тие се обидуваат да мислат само на битката за пехарот, кој носи пласман во квалификациите од Лигата на Европа, но и не пропуштаат да им порачаат на навивачите дека треба да го разубават, а не да го уништат натпреварот кој секаде низ светот е празник на фудбалот.
„Очекувам пред се едно вистинско финале да биде. Публиката да биде коректна, навивањето да биде коректно и нормално поддршка да им даде на своите играчи, на својата екипа. Нас не интересира само теренот, моите играчи како ќе играат. Максимумот треба да го даде секој и нормално во една борбена игра, фер, коректна од двете страни, на крајот посакуваме да го освоиме Купот“, рече тренерот на Шкендија, Артим Шаќири.
А капитенот на Тетекс, Филип Деспотовски, вели:
„Сите сме ние фудбалери што настапуваме и живееме од тоа и тоа е наша работа. А, тие што немаат намера да не почитуваат и да го почитуваат тоа што ние го правиме, можат слободно да останат дома и да не доаѓаат на стадион. Секако очекувам да биде голем празник на фудбалот, се надевам дека Федерацијата ќе организира феноменален спектакл. Очекувам максимално залагање од сите наши фудбалери во Тетекс и нормално очекувам победа“.
Публиката да биде коректна, навивањето да биде коректно и нормално поддршка да им даде на своите играчи, на својата екипа. Нас не интересира само теренот, моите играчи како ќе играат. тренерот на Шкендија, Артим Шаќири.Артим Шаќири, тренер на Шкендија.
Фудбалската федерација на Македонија и Министерството за внатрешни работи подготвија план за нивно безбедно пристигнување и влез во Арената, каде што ќе бидат сместени на различни трибини. Тоа треба да ја отстрани опасноста од физички пресметки, а на навивачите останува да ги прифатат советите за воздржување од националистички скандирања, за што е предвидено празнење на трибините, но и кривични пријави.
„Одржавме одделни состаноци со двете навивачки групи. Им укажавме неколку работи што мора да ги исполнат согласно Законот. Значи, пред се фер и коректно навивање. Им укажавме на некои работи од Законот за спречување на насилство. Ставот на
Сите сме ние фудбалери што настапуваме и живееме од тоа и тоа е наша работа. А, тие што немаат намера да не почитуваат и да го почитуваат тоа што ние го правиме, можат слободно да останат дома и да не доаѓаат на стадион.Филип Деспотовски, капитен на Тетекс.