Достапни линкови

Божиновска - ИВЗ зборува како политичка партија


Валентина Божиновска, Директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
Валентина Божиновска, Директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска реагира дека Исламската верска заедница од локален проблем прави интернационален и говори како ехо на политичка партија, откако ИВЗ најави дека ќе ја бојкотира Меѓународната конференција за меѓурелигиски дијалог што наредните два дена ќе се одржи во Скопје.

Исламската верска заедница од локален проблем прави интернационален и говори како ехо на политичка партија, а е не како верска заедница. Ова е реакцијата на директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска за вчерашното соопштение на ИВЗ во кое се наведува дека ќе ја бојкотира Меѓународната конференција за меѓурелигиски дијалог што во наредниве два дена ќе се одржи во Скопје.
Жалам затоа што истовремено и Реисот го руши сопствениот имиџ како поглавар, како прв човек, го рушат имиџот на ИВЗ, на сите луѓе кои припаѓаат на исламската вероисповед во Република Македонија, а си ја сакаат државата. Мислам дека во овој момент Исламската верска заедница верска заедница говори како ехо на политичка партија, говори како политички сегмент, не говори како верска заедница и особено не говори во она што треба да биде нивни императив, а тоа е дијалогот, отвореноста, љубовта, со гласот на љубовта и жалам поради тоа.
Валентина Божиновска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Таа денеска за Радио Слободна Европа изјави дека жали за нивната одлука.

„Жалам затоа што истовремено и Реисот го руши сопствениот имиџ како поглавар, како прв човек, го рушат имиџот на ИВЗ, на сите луѓе кои припаѓаат на исламската вероисповед во Република Македонија, а си ја сакаат државата. Мислам дека во овој момент Исламската верска заедница верска заедница говори како ехо на политичка партија, говори како политички сегмент, не говори како верска заедница и особено не говори во она што треба да биде нивни императив, а тоа е дијалогот, отвореноста, љубовта, со гласот на љубовта и жалам поради тоа.“
Архивска фотографија: Реис ул Улема на Исламската верска заедница, Сулејман ефенди Реџепи.
Архивска фотографија: Реис ул Улема на Исламската верска заедница, Сулејман ефенди Реџепи.

Во соопштението на ИВЗ е наведено дека на трпението му дошол крајот и затоа ИВЗ не може да чека за да се решат прашањата акумулирани со години како што се Чарши џамија во Прилеп, џамијата во Лажец, крстовите над саат кулите во Прилеп и Битола.

„Она што го бараат во нивното барање е секогаш ставено на маса од страна на државните институции, секогаш имало место за разговор, и минатата година и предминатата и ние како институции и премиерот и министерката за култура сме седнувале и сме разговарале за тие теми.“
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници, која по дефиниција треба да биде најнеутралниот орган на државата кон верските заедници, во многу јавни настапи зазема еклатантно страна на една од поголемите верски заедници, некогаш наспроти другата, а некогаш и сама по себе.

Рамадан Рамадани, теолог и аналитичар.

РСЕ: Ако досега сте разговарале за нивните барања, зошто тогаш нема решенија?

„Решенијата, знаете како, понекогаш заглавуваат во институциите на државата, да речеме во Министерството за финансии во делот за денационализацијата, тука има неколку спорни моменти околу имотно правните односи на Исламската верска заедница, документацијата и така натаму, не би навлегувала во детали. За сè друго сме нашле дијалог и за резиденцијата која ја бараат, сме нашле дијалог и за прилепската џамија, дури со министерката за култура имаат потпишано договор. Длабоко мислам дека во овој момент ИВЗ говори како ехо на политичка партија“, вели Божиновска.

На коментарот на ИВЗ дека конференцијата е лицемерие и дека во Македонија има сè, само не и меѓуверски и меѓукултурен дијалог меѓу заедниците кои живеат тука, Божиновска одговара со контра прашање.

„Напротив јас би ги повикала пред почетокот на светската конференција како Исламска верска заедница, а тоа и го направив. Кога еднаш ќе излезат поглаварите на верските заедници и ќе кажат што е тоа што државата направила за нив? Оти, знаете како, кога постојано говорите за незадоволство имате впечаток во јавноста дека тие имаат многу, но повторно се незадоволни. Но ајде да ја свртиме работата поинаку, што е тоа што имаат, па сега останало малку да се додаде“, вели Божиновска.

Аналитичарот Рамадан Рамадани од Институтот „Нисма“ вели дека одлуката на ИВЗ не е ненадејна зашто веќе два пати била најавувана од минатата година како предупредување до организаторите. Во јавноста има појави кои ја оправдуваат оваа одлука на ИВЗ, вели Рамадани.

„Директорката на Комисијата за односи со верските заедници, која по дефиниција треба да биде најнеутралниот орган на државата кон верските заедници, во многу јавни настапи зазема еклатантно страна на една од поголемите верски заедници, некогаш наспроти другата, а некогаш и сама по себе“, вели Рамадани.

Божиновска ги негира таквите тврдења и вели дека има други институции кои многу повеќе ја покриваат Исламската верска заедница, а Комисијата е само мост меѓу државните институции и нема многу ингеренции за да можат да помогнат.

В петок попладне ќе биде отворена третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог на тема „Слобода и достоинство – основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG