Имотот на Исламската верска заедница е заглавен во бирократски процедури. Од 350 барања за денационализација со кои се бара враќање на четири милиони квадратни метри земјиште, ливади, пасишта, шуми, куќи и дуќани, за последниве 12 години решени се само 10 отсто, велат во ИВЗ. Претставникот на ИВЗ Јакуп Селимовски вели дека се дискриминирани во однос на другите верски заедници кои што речиси во целост си го решиле проблемот со денационализацијата.
„Постои политичка пречка што повеќе да се одолговлекуваат нашите барања, да се влезе во лавиринтот на бирократијата, да бидат оптеретени со процедура итн. Па доколку се решат тогаш се активира Јавниот правобранител па доставува жалби на решенијата во корист на ИВЗ, па се повторуваат тие постапки.“
Селимовски вели дека ако се донесат последните измени во законот за денационализација намерно ќе се отежни процесот за враќање на имотот. Повеќе од 80 отсто од национализираниот имот на МПЦ е вратен во нејзино владение. Претставникот на МПЦ прота Коста Станоевски вели дека за останатите 20 отсто од невратениот имот се уште не поднеле документи:
„Кога државата некогаш земала, го земала за 24 часа, а сега кога го враќаме ни требаат по 10 години. Има проблеми, докажувања дали платила или не платила. Има работи кои ако ме прашувате мене лично јас сум задоволен од Комисијата што работи.“
Политикологот Алберт Муслиу вели дека Владата не се однесува подеднакво кон ИВЗ и МПЦ.
„Може да се каже дека односот не е ист, а и со самото присуство на МПЦ на владини активности при започнување на нови објекти итн. А што се однесува до процесот на денационализација, фактите го зборуваат тоа. 10 отсто и 85 отсто секако дека не е исто.“
Политиколозите велат дека испололитизираната атмосфера му дава на секое прашање етничка или религиска конотација за да добие на политичко значење. Професорот Мирјана Малевска вели:
„Па причината за конфликтот лежи во едно поправедно третирање на помалите малцинства или заедници во Македонија. Битката е околу тоа и тие да се чувствуваат рамноправни, да не се чувствуваат дека се оштетени да се чувстуваат дека не се дискриминарани.“
Постои политичка пречка што повеќе да се одолговлекуваат нашите барања, да се влезе во лавиринтот на бирократијата, да бидат оптеретени со процедура итн.
„Постои политичка пречка што повеќе да се одолговлекуваат нашите барања, да се влезе во лавиринтот на бирократијата, да бидат оптеретени со процедура итн. Па доколку се решат тогаш се активира Јавниот правобранител па доставува жалби на решенијата во корист на ИВЗ, па се повторуваат тие постапки.“
Селимовски вели дека ако се донесат последните измени во законот за денационализација намерно ќе се отежни процесот за враќање на имотот. Повеќе од 80 отсто од национализираниот имот на МПЦ е вратен во нејзино владение. Претставникот на МПЦ прота Коста Станоевски вели дека за останатите 20 отсто од невратениот имот се уште не поднеле документи:
„Кога државата некогаш земала, го земала за 24 часа, а сега кога го враќаме ни требаат по 10 години. Има проблеми, докажувања дали платила или не платила. Има работи кои ако ме прашувате мене лично јас сум задоволен од Комисијата што работи.“
Има проблеми, докажувања дали платила или не платила. Има работи кои ако ме прашувате мене лично јас сум задоволен од Комисијата што работи.