Достапни линкови

Хрватски искуства во евроинтеграциите


Судовите се оптоварени со крут текстуален граматички позитивизам којшто спречува едни конкретни случаи да се гледаат во контекст. Сфатив дека таков пристап не обезбедува развој, не нè води во Европа, вели професор Јасна Омејец од Загреб, претседателка на Уставниот суд на Хрватска.

Примерот на Хрватска покажува дека вреди да се имплементираат сите барања и реформи од страна на ЕУ бидејќи тоа дава резултати. Споделувањето на искуствата меѓу земјите од нашиот регион е неопходно во многу сфери, поттикнувајќи многу процеси во тие рамки, беа пораките од собирот во МАНУ посветен на зачленувањето на Хрватска во ЕУ.
Таму каде што нема независни институции ослободени од сите видови политички притисоци, не може да има ни демократија.
Златко Крамариќ, амбасадор на Хрватска во Македонија.

Сферата на човековите права особено спаѓа меѓу нив зашто земјите од балканскиот простор овде се соочуваат со бројни предизвици. Во таа насока може е создадена и може да биде од голема корист книгата Конвенција за заштита на човековите права и темелни слободи во практиката на Европскиот суд за човекови права од професор Јасна Омејец од Загреб, промовирана по овој повод, посочи амбасадорот Златко Крамариќ.

„Потсетувајќи дека таму каде што нема независни институции ослободени од сите видови политички притисоци, не може да има ни демократија.“
Судовите се оптоварени со крут текстуален граматички позитивизам којшто спречува едни конкретни случаи да се гледаат во контекст. Сфатив дека таков пристап не обезбедува развој, не нè води во Европа.
Јасна Омејец, универзитетски професор од Загреб, претседателка на Уставниот суд на Хрватска.

Оваа книга настана од проблемите во практиката најпрвин во Хрватска, а потоа и на целиот простор на поранешна СФРЈ, посочи професор Омејец која има долгогодишно искуство од работата во Венецијанската комисија на Советот на Европа, а и како актуелен претседател на Уставниот суд на Хрватска. Станува збор за целосна и образложена информација за конвенцискиот механизам за заштита на човековите права со објаснување на правните стојалишта на Европскиот суд како основа за ефикасна примена на Конвенцијата во пракса.

„Судовите се оптоварени со крут текстуален граматички позитивизам којшто спречува едни конкретни случаи да се гледаат во контекст. Сфатив дека таков пристап не обезбедува развој, не нè води во Европа, а сите други држави тоа го воведуваат, посебно по паѓањето на Берлинскиот суд“, посочи Омејец.

Голема е одговорноста на националните правосудства и политики за совладување на сите препреки во насока на почитувањето на човековите права во склад со Конвенцијата и праксата на Европскиот суд, додаде Омајец. Тоа важи за Хрватска, но тоа важи и за Македонија, посочија говорниците на овој настан.

Предизвиците остануваат. Македонија има голема работа на полето на човековите права. Тоа го посочуваат сите домашни и надворешни надлежни институции. Последните извештаи одат во прилог на тезата, пад на листата на Фридом хаус на слободата на медиумите како и стриктни назнаки во последниот извештај на Стејт департментот во кој се вели дека целосното почитување на човековите права и независноста на судството остануваат големи слабости на македонското општество.
XS
SM
MD
LG