Најмалку десетици лица загинале и стотици куќи биле уништени во југозападниот дел на Пакистан кога регионот бил погоден со потреси од земјотресот чиј епицентар бил во соседниот Иран.
Потресите од земјотресот со сила од 7,8 степени според Рихтеровата скала се почувствувале во Индија и во земјите на Персискиот залив.
Епицентарот бил во југоисточниот планински и пустински дел на Иран, околу 200 километри југоисточно од Захедан.
Во Машкел во Балучистан на пакистанска територија неколку стотици згради биле разуранти, но се уште не е познато дали имало жртви.
Иранскиот штаб за кризни ситуации соопшти дека засега немало извештаи за загинати на иранската страна од границата.
„Епицентарот на земјотресот е во пустината каде што нема густо населени места. Засега немаме извештаи за жртви“, изјави гувернерот на тамошната покраина Хатам Наруи, додавајќи дека целиот регион Систан и Балучистан беше погоден од силен земјотрес кој траел најмалку 15 до 20 степени, додаде тој.
Иран се наоѓа на многу трустно подрачје и досега го имаат погодено повеќе катастрофални земјотреси. Во потресот од 6,6 степени според Рихтеровата скала што се случи во 2003 година во близина на градот Бам загинаа над 25 илјади луѓе.
Епицентарот на земјотресот е во пустината каде што нема густо населени места.