Достапни линкови

Колку се сигурни македонските банки?


Гувернерот на Народната банка Димитар Богов гарантираше за македонските банки и парите на штедачите. Сите банки во земјава работат по македонски закони и над нив НБРМ врши редовна супервизија, вели тој.

Довербата на граѓаните во банките изминативе денови беше доведена во прашање. Дел од причините за таквата состојба се економската криза која го зафати банкарскиот систем во Кипар, како и последните шпекулации за случувањата со Тутунска банка која некои медиуми ја поврзаа со кризата во Словенија. Неодамна таквата шпекулација ја демантираше и гувернерот на Народната банка Димитар Богов кој преку писмено соопштение гарантираше за македонските банки и парите на штедачите. Тој тврди дека сите банки во земјава се посебни правни лица кои работат по македонски закони и над кои Народната банка врши редовна супервизија.
Сигурно-несигурно исто ми се фаќа. Ако имаш нешто повеќе ќе го ставиш во банка, јас со една пензија што ќе правам.
Анкетиран граѓанин.

Но за дел од граѓаните сомнежот остана. Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека не им веруваат многу на банките во Македонија, ама немаат зошто да се грижат, нека му ја мислат тие што имаат пари.

„Сигурно-несигурно исто ми се фаќа. Ако имаш нешто повеќе ќе го ставиш во банка, јас со една пензија што ќе правам.“

„Некаде не, некаде да. Некои банки пропаднаа, каде е оваа битолскава, како се викаше, каде се други.“

„Колку да верува човек, толку и да не верува. Светска криза, кога гледаме што се случува со банките во други земји, што значи тоа за нас.“

„Не знам. Сега со овие нови шпекулации, појма немам“, велат анкетираните граѓани.

Верувате ли во сигурноста на депозитите во македонските банки? Колку вашите заштеди се безбедни? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Хајд Парк - Верувате ли во македонските банки?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00
Од друга страна, пак, дел од граѓаните сметаат дека во земјава постои квалитетен банкарски сектор во кој работи квалификуван кадар, па можат да бидат сигурни дека нивните пари се на безбедно.
Според тоа што ги следиме трендовите на сигурност, верувам дека е стабилен банкарскиот систем. Според сите оние извештаи што излегуваат, нема несигурност во депозитите што ги имаме во банките.
Анкетиран граѓанин.

„Според тоа што ги следиме трендовите на сигурност, верувам дека е стабилен банкарскиот систем. Според сите оние извештаи што излегуваат, нема несигурност во депозитите што ги имаме во банките.“

„Верувам, зошто да не? Имаме образовани луѓе, имаме испитана работа што навистина сум сигурен“, велат граѓаните.

Младите луѓе со кои разговаравме велат дека немаат приходи па немаат ни расходи, а со тоа и си немаат работа со македонските банки.

„Не сум многу врзан со банките. Не земам наеми, заеми, немам депозити, не правам ништо со банките.“

„Не разбирам ништо и така и така, а и ништо не верувам“, велат младите луѓе што ги анкетиравме.

Минатиот месец беше забележан пораст на денарските штедни влогови во однос на јануари годинава. Според податоците на Народната банка, регистриран е пораст на вкупната депозитна база за 61,7 милиони евра. Според податоците, депозитите на домаќинствата и на непрофитните институции што им служат на домаќинствата достигнаа речиси три милијарди евра.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG