Вториот дел на изборната кампања доаѓа како репете за оние што останаа гладни за политички реклами на телевизиите, во весниците, по билбордите на улиците... Почна веднаш откако се дозна во кои општини градоначалник ќе биде избран на повторено гласање, и тоа со несмален интензитет. Напротив, сега сите расположиви сили може да се сконцентрираат на помалку општини, што според законите на физиката, автоматски го зголемува притисокот врз граѓаните, кои сакале или не, се принудени да трпат нова доза политичка агитација.
Сепак, според почетокот на второто продолжение, се чини дека граѓаните од скопски Центар ќе го поднесат најголемиот товар. Најпрвин Државната изборна комисија во „слоумоушн“ стил ги броеше гласовите од првиот круг речиси два дена, небаре цела Македонија и пошироко гласала таму, па веднаш почнаа шпекулации дека „не му даваат на Жерновски да победи“. Откако веќе стана извесно дека ќе има втор круг, кандидатите излетаа од „нискиот старт“ и ја почнаа трката.
„Го чекам господинот Тодоровиќ во вториот круг каде што ќе оствариме убедлива победа и каде што сум убеден дека сето ова што се случуваше со ова таканаречено броење на гласовите ќе предизвика уште поголема мотивираност на гласачите да излезат и конечно да ја запечатиме победата којашто заслужено ја остваривме во првиот круг“, рече Андреј Жерновски од коалицијата предводена од СДСМ.
„Реконструкција на постоечките и изградба на 21 парк на територијата на Општина Центар, со оглед дека во минатиот период детектиравме и направивме анкети кај повеќе од граѓаните на Општина Центар каде што се изјаснија за повеќе зелени површини“, рече Владимир Тодоровиќ од ВМРО ДПМНЕ.
Она што паѓа во очи е фактот дека по жестокиот двобој на лидерите на најголемите коалиции пред првиот круг, во деновиве по гласањето многу поактивен е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој го придружуваше Тодоровиќ во блиските средби со граѓаните, а им беше поткрепа и на другите кандидати на неговата партија.
Кога сме веќе кај Груевски, големо внимание привлече и неговата посета на Кичево, каде што мораше да им објаснува на лутите граѓани зошто Албанец стана градоначалник и покрај заедничкиот настап со СДСМ.
„Јас го разбирам гневот, револтот кај луѓето, затоа што тоа е и мој гнев и мој револт. Тие сега имаат проблеми, имаат предизвици, тие се и мои предизвици и мои проблеми и затоа сум тука“, рече Груевски во Кичево.
Кај партиите на Албанците, главната битка се води во Тетово и Гостивар, каде што Али Ахмети се надева дека ќе ги освои местата кои веќе подолг период ги држат партиите на Мендух Тачи и Руфи Османи.
За крај, да го спомнеме и феноменот од овие неколку дена, дека кандидатите ги извадија од ракав адутите (читај ветувањата) што ги чуваа за евентуален втор круг, нешто слично како кога пејачите на концертите си ги чуваат „коњак“ песните за бис. Ќе биде интересно да видиме дали имаат уште нешто во резерва, ако некаде има прегласување.
Го чекам господинот Тодоровиќ во вториот круг каде што ќе оствариме убедлива победа и каде што сум убеден дека сето ова што се случуваше со ова таканаречено броење на гласовите ќе предизвика уште поголема мотивираност на гласачите да излезат и конечно да ја запечатиме победата којашто заслужено ја остваривме во првиот круг.Андреј Жерновски, кандидат за градоначалник на Центар од коалицијата предводена од СДСМ.
Сепак, според почетокот на второто продолжение, се чини дека граѓаните од скопски Центар ќе го поднесат најголемиот товар. Најпрвин Државната изборна комисија во „слоумоушн“ стил ги броеше гласовите од првиот круг речиси два дена, небаре цела Македонија и пошироко гласала таму, па веднаш почнаа шпекулации дека „не му даваат на Жерновски да победи“. Откако веќе стана извесно дека ќе има втор круг, кандидатите излетаа од „нискиот старт“ и ја почнаа трката.
„Го чекам господинот Тодоровиќ во вториот круг каде што ќе оствариме убедлива победа и каде што сум убеден дека сето ова што се случуваше со ова таканаречено броење на гласовите ќе предизвика уште поголема мотивираност на гласачите да излезат и конечно да ја запечатиме победата којашто заслужено ја остваривме во првиот круг“, рече Андреј Жерновски од коалицијата предводена од СДСМ.
Реконструкција на постоечките и изградба на 21 парк на територијата на Општина Центар, со оглед дека во минатиот период детектиравме и направивме анкети кај повеќе од граѓаните на Општина Центар каде што се изјаснија за повеќе зелени површини.Владимир Тодоровиќ, градоначалник на Центар од ВМРО ДПМНЕ.