Цената за изградба и опремување на Стариот театар што се гради на кејот на реката Вардар достигна 39 милиони евра. Оваа бројка е добиена според објавените податоци за склучени договори на интернет страната на Биро за јавни набавки.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска изјави дека не може да ја каже конечната бројка, затоа што проектот сè уште не готов. Ќе биде целосно завршен кон крајот на мај, а со тоа ќе биде готова и градежната книга. Првично најавената сума во 2007 година беше 6 милиони евра. Канческа-Милевска вели дека таа се однесувала само за градежните работи, односно на архитектонскиот проект.
„Кога беше таа првична сума кажано, тоа беше проект архитектура. Значи во самите проекти немаше фаза сценски технологии, фаза акустика, фаза машинство, електрика, значи не постоеја такви проекти. Ние значи кога го добивме еден дел од проектот машинство, тој проект бил застарен и не можеше да се вклопи во самата сценска технологија и акустика.“
Според податоците на Бирото за јавни набавки досега за театарот покрај основните договори склучени се 11 договори за непредвидени работи за кои не се наведени детали за нив. За останатите дополнителни договори е наведено дека станува збор за градежно-занаетчиски работи, браварски и ѕидарски работи, за изведби на машински и акустични инсталации машински инсталации, стручен надзор на објектот или, пак, набавка на опрема и мебел.
„Ова е сложен објект. Никој не знае кога ќе започне со ископ на самиот терен дека може да дојде до одредени непредвидени работи, никој не може однапред на самата површина да види дека доле може да се судрите со одредена фекална канализација, водоводна канализација. Сите оние дополнителни работи коишто се изведени се согласно законот. Значи ние немаме, како што многу се зборува во јавноста, во четири се склучуваат договори и анекси, не напротив“, вели министерката Канческа-Милевска.
Уметничкиот директор на МНТ Дејан Пројковски вели дека изградбата на целиот театар чини колку еден хонорар на холивудски актер.
„Прашањето ви е дали Дејан Лилиќ, дали Сенко Велинов, Владо Јовановски и да не ги редам сите актери во Македонија, заслужуваат ваков објект, колку еден хонорар на холивудски актер и дали денеска треба да зборуваме само за тоа или да зборуваме за сонот којшто е остварен на Прличко, на цела наша генерација на актери, за театарот што е чувар на идентитетот, на јазикот и на културата“, вели Пројковски.
Архитектот на Театарот Јован Стефановски Жан вели дека во театарот се гради 7 години и дека во тој период не можело однапред да се направат договори за сè што е направено.
Според Бирото за јавни набавки, само во изминатиов месец се потрошени над 3 милиони евра за дополнителни работи. Италијанската Ламоне Мореда со Министерството за култура склучи два договори во вредност од 2,2 милиони евра. Едниот е за изработка и монтажа на акустични и противпожарни врати, а вториот се однесува за заштита на градежна јама и проширување на техничка врата на северната фасада на објектот Стар театар.
Договорот од милион евра за изведување на противпожарни машински инсталации го добила скопската подружница на австриската фирма Страбаг. Тоа е фирма која што склучила со Министерството вкупно 8 договори во вредност од 13,5 милиони евра, од кои за дел е наведено дека се однесуваат на дополнителни и непредвидени работи, а дел се однесуваат на изведба на машински инсталации, но и за набавка на мебел.
Слаѓана Тасева од Транспаренси Интеренејшнал Македонија вели дека со дополнителните договори се остава простор за многу незаконитости.
„Ова е типична злоупотреба на јавните средства преку постапките за јавните набавки“, вели Тасева.
Целта на законскиот механизам за доплата за непредвидени трошоци од 30 проценти од вредноста на договорот наместо како исклучок се користи како правило.
Сите оние дополнителни работи коишто се изведени се согласно законот. Значи ние немаме, како што многу се зборува во јавноста, во четири се склучуваат договори и анекси, не напротив.Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска изјави дека не може да ја каже конечната бројка, затоа што проектот сè уште не готов. Ќе биде целосно завршен кон крајот на мај, а со тоа ќе биде готова и градежната книга. Првично најавената сума во 2007 година беше 6 милиони евра. Канческа-Милевска вели дека таа се однесувала само за градежните работи, односно на архитектонскиот проект.
„Кога беше таа првична сума кажано, тоа беше проект архитектура. Значи во самите проекти немаше фаза сценски технологии, фаза акустика, фаза машинство, електрика, значи не постоеја такви проекти. Ние значи кога го добивме еден дел од проектот машинство, тој проект бил застарен и не можеше да се вклопи во самата сценска технологија и акустика.“
Според податоците на Бирото за јавни набавки досега за театарот покрај основните договори склучени се 11 договори за непредвидени работи за кои не се наведени детали за нив. За останатите дополнителни договори е наведено дека станува збор за градежно-занаетчиски работи, браварски и ѕидарски работи, за изведби на машински и акустични инсталации машински инсталации, стручен надзор на објектот или, пак, набавка на опрема и мебел.
Прашањето ви е дали Дејан Лилиќ, дали Сенко Велинов, Владо Јовановски и да не ги редам сите актери во Македонија, заслужуваат ваков објект, колку еден хонорар на холивудски актер.Дејан Пројковски, уметнички директор на МНТ.
„Ова е сложен објект. Никој не знае кога ќе започне со ископ на самиот терен дека може да дојде до одредени непредвидени работи, никој не може однапред на самата површина да види дека доле може да се судрите со одредена фекална канализација, водоводна канализација. Сите оние дополнителни работи коишто се изведени се согласно законот. Значи ние немаме, како што многу се зборува во јавноста, во четири се склучуваат договори и анекси, не напротив“, вели министерката Канческа-Милевска.
Уметничкиот директор на МНТ Дејан Пројковски вели дека изградбата на целиот театар чини колку еден хонорар на холивудски актер.
„Прашањето ви е дали Дејан Лилиќ, дали Сенко Велинов, Владо Јовановски и да не ги редам сите актери во Македонија, заслужуваат ваков објект, колку еден хонорар на холивудски актер и дали денеска треба да зборуваме само за тоа или да зборуваме за сонот којшто е остварен на Прличко, на цела наша генерација на актери, за театарот што е чувар на идентитетот, на јазикот и на културата“, вели Пројковски.
Вид на набавка | Фирма | Сума | |
1 | Основен договор | Бетон - Штип | 6.000.000 евра |
2 | Испорака и монтажа на опрема и инсталација | „Светлост театар“ Белград | 11.135.598 евра |
3 | Набавка на занаетчиско ентериерни работи и мебел | Страбаг АГ | 8.900.197 евра |
4 | Изведување на машински инсталации | Страбаг АГ | 1.829.816 евра |
5 | Градежна јама и техничка врата | Ламоне Мореда | 1.514.625 евра |
6 | Браварско, столарски, фасадерски и каменорезачки работи | Ламоне Мореда | 1.176.306 евра |
7 | Изведување на електротехнички работи и осветлување на фасадата | Електро лаб | 1.071.371 евра |
8 | Противпожарни машински инсталации | Страбаг АГ | 1.034.271 евра |
9 | Хидро технички инсталации | Вардар градба и Електролаб | 781.975 евра |
10 | Изведување на дополнителни работи | Страбаг АГ | 694.801 евра |
11 | Акустучни и противпожарни врати | Ламоне Мореда | 677.439 евра |
12 | Анекс договор за непредвидени работи | Бетон - Штип | 537.577 евра |
13 | Изведување на непредвидени работи | Страбаг АГ | 363.895 евра |
14 | Занаетчиско ентериерни работи, мебел, опрема и осветлување | Страбаг АГ | 363.895 евра |
15 | Изведување на непредвидени работи | Ламоне Мореда | 342.980 евра |
16 | 40 скулптури леени во бронза | 330.193 евра | |
17 | 192 скулптури изработени од гипс | 272.701 евра | |
18 | Изведување на непредвидени работи | Страбаг АГ | 240.584 евра |
19 | Изведба на хидротехнички инсталациии | Бетон Штип | 228.319 евра |
20 | Изведување на непредвидени работи | Страбаг АГ | 221.784 евра |
21 | Изведување на непредвидени работи | Вардар градба | 218.121 евра |
22 | Отсликување на плафонот во големата сала во објектот | 265.401 евра | |
23 | 46 скулптури леени во бетон | 190.134 евра | |
24 | Изведување на непредвидени работи | Конструктор инженеринг | 192.155 евра |
25 | Изработка на централна скулптурална композиција | 189.512 евра | |
26 | Изведување на непредвидени работи, инсталација и монтажа на опрема | 111.975 евра | |
27 | Изведување на дополнителни работи | Бичковски дооел | 56.718 евра |
28 | Стручен надзор | 23.024 евра | |
29 | Проектантски надзор | 18.536 евра | |
30 | Стручен надзор при изведба на сценски системи | 17.268 евра | |
31 | Изведување на непредвидени работи | Бетон Штип | 14.719 евра |
32 | Извршување проектански надзор | Чакар – Партнерс | 12.682 евра |
33 | Проектантски надзор | Неимар инженеринг | 10.000 евра |
34 | Извршување проектантски надзор | Неимар инженеринг | 5.525 евра |
35 | Анекс договор за проектантски надзор | 4.195 евра | |
36 | Проектантски надзор | Машински факултет | 3.683 евра |
37 | Проектантски надзор за фазата водовод и канализација | 767 евра | |
ВКУПНО |
39.068.476 евра |