17:38
24.3.2013
МОСТ до 17 часот регистрирал некои неправилности на одредени гласачки места. Најчесто станува збор за семејно гласање.
Деталите тука: http://www.makdenes.org/archive/news/20130324/428/428.html?id=24937682&nocache=1
18:38
24.3.2013
Излезноста во Струга 57 отсто до 17 часот
Во Струга излезноста до 17 часот е високи 57 отсто, информира Општинската изборна комисија во овој град. Според политичките партии на Македонците, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои настапуваат со заеднички кандидат, излезноста на Македонците надминува 65 отсто. Во соседен Охрид, каде изборите течат исто така во мирна атмосфера, излезноста до 17 часот е 64,62 отсто од вкупно регистрираните 50.686 избирачи.
18:57
24.3.2013
Амбасадорите на Албанија и на Косово денеска во струшко
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Арбен Чејку, денеска направи обиколка на Струга и струшко, а имаше средба и со претседателот на Општинската изборна комисија во Струга, Џенгис Хани. На средбата се разговарало за текот на изборниот процес во Струга, како и за атмосферата во која овие избори се одржуваат. Дописникот на Радио Слободна Европа јавува дека и косовскиот амбасадор Илбер Хиса денеска бил во струшко. Денеска во градот биле и повеќемина владини министри, меѓу кои шефот на дипломатијата Никола Попоски, министерот за земјоделие Љупчо Димовски, како и министерот за странски инвестиции Веле Самак.
19:00
24.3.2013
Мирни избори со мали нерегуларности bit.ly/15HYa6O
— Slobodna Evropa (@RSE_Makedonski) March 24, 2013