19:08
24.3.2013
Набљудувачите на Цивил регистрирале неправилности и злоупотреби на изборите
Голем број неправилности и злоупотреби, регистрираа набљудувачките тимови на Цивил – Центар за слобода, што во рамките на проектот Слободни и ненасилни избори го следи денешното гласањеНајдрастични прекршувања со насилство и тепачки се забележани во општина Шуто Оризари. На избирачкото место 2955 имало тепечка меѓу директор на училиште и член на избирачката комисија. Целата информација може да ја прочитате овде.
19:25
24.3.2013
Заврши гласањето на локалните избори
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат на денешните локални избори. По затворањето на гласачките места можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.Граѓаните избираа градоначалници и советници во 80 општини и во Градот Скопје и тоа меѓу 350 кандидати за градоначалници и 480 листи за советници. На 2.976 гласачки места правото на глас можеа да го остварат 1.743.403 избирачи.
Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот до 17 часот беше 57,57 отсто односно на гласање излегле 1.001.753 граѓани.
19:36
24.3.2013
ВМРО-ДПМНЕ: Изборите фер и демократски со значително мал број нарушувања
Денешните избори за градоначалници и советници поминаа во фер и демократска атмосфера, а забележани се значително помал број нерегуларности во однос на последните парламентарни избори во 2011 година, оценија вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.
19:41
24.3.2013