Достапни линкови

БЛОГ - Локални избори 2013

Резултати од гласањето, одзивот, реакциите на политичките партии, на посматрачите, информации, видео, фотографии. Бидете со нас ...

16:30 24.3.2013

Директорот на ОБСЕ/ОДИХИР Јанез Ленарчиќ за Канал 5 изјави:
“Се надевам дека овој тест ќе биде успешен , тука огромна улога има Владата и другите актери. Ние ќе набљудуваме одблиску и се надеваме дека утре ќе имаме прелиминарни резултати но исто така ќе го набљудуваме и пост изборниот процес,, -изјави Ленарчиќ.
Тој најави дека утре попладне ОБСЕ/ОДИХР ќе објави прелиминарен извештај со оценка за денешното гласање и за периодот потоа.
http://www.makdenes.org/archive/news/20130324/428/428.html?id=24937508&nocache=1
16:43 24.3.2013

Телма во Ресен - Голем број лица од Мала Преспа


Пред училиштето „Цар Самоил“ затекнавме повеке луѓе и возила, а во тој момент еден од присутните на странски набљудувач на изборите му објаснуваше дека станува збор за приватна забава за „нашинците од Мала Преспа“. Тој нему му кажа дека не знае дали Македонците од Албанија одат на гласање и за кого гласаат. Со екипата на Телма не беше љубезен за да објасни за што станува збор.
16:56 24.3.2013

Битола - Кандидат за советник повикан на сослушување во полиција

Прочитај на http://www.makdenes.org/archive/news/20130324/428/428.html?id=24937659&nocache=1
17:34 24.3.2013

Во Струга мирно и без инциденти

На новинарските екипи од локалните медиуми во струшките села Лабуништа и Радолишта не им било дозволено снимање и покрај тоа што ги доставиле легитимациите од медиумите каде што работат. Според нивните кажувања, им била побарана посебна дозвола од ДИК во Скопје. Инаку во струшко за сега нема забележано посебни нерегуларности. Претседателот на ОИК во Струга, Џенгис Хани за Радио Слободна Европа изјави дека изборите се одржуваат во мирна и достоинствена атмосфера без инциденти.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG