14:42
24.3.2013
влага едно чиче во училница и прашува: кој е дежурен. му викаме: мислите претседател? вика: не бе таблата не ви е избришана.#избори2013
— Чејс (@ChaseWork) March 24, 2013
14:52
24.3.2013
Голема излезност и бројни неправилности bit.ly/WZXvOK
— Slobodna Evropa (@RSE_Makedonski) March 24, 2013
15:09
24.3.2013
ВИДЕО: Редици за гласање во Кичево, досега мирно и без проблеми.
15:14
24.3.2013
Куманово - агитирање и навредливи графити
Во Општината Куманово до 13 часот гласале 29 отсто, во Општината Липково 25 отсто и во Старо Нагоричино 42 отсто од гласачите, соопшти Општинската изборна комисија.
Заменик народниот правобранител Насер Вејсели во Куманово соопштува дека во близина избирачкото место во Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово граѓаните пријавиле дека има графит со навредлива содржина поради што гласачите се враќаат и не одат на гласање.
На три избирачки места во Куманово било пријавено дека агитирал еден од кандидатите за градоначалник на Општината Куманово.