19:08
24.3.2013
Набљудувачите на Цивил регистрирале неправилности и злоупотреби на изборите
Голем број неправилности и злоупотреби, регистрираа набљудувачките тимови на Цивил – Центар за слобода, што во рамките на проектот Слободни и ненасилни избори го следи денешното гласањеНајдрастични прекршувања со насилство и тепачки се забележани во општина Шуто Оризари. На избирачкото место 2955 имало тепечка меѓу директор на училиште и член на избирачката комисија. Целата информација може да ја прочитате овде.
19:00
24.3.2013
Мирни избори со мали нерегуларности bit.ly/15HYa6O
— Slobodna Evropa (@RSE_Makedonski) March 24, 2013
18:57
24.3.2013
Амбасадорите на Албанија и на Косово денеска во струшко
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Арбен Чејку, денеска направи обиколка на Струга и струшко, а имаше средба и со претседателот на Општинската изборна комисија во Струга, Џенгис Хани. На средбата се разговарало за текот на изборниот процес во Струга, како и за атмосферата во која овие избори се одржуваат. Дописникот на Радио Слободна Европа јавува дека и косовскиот амбасадор Илбер Хиса денеска бил во струшко. Денеска во градот биле и повеќемина владини министри, меѓу кои шефот на дипломатијата Никола Попоски, министерот за земјоделие Љупчо Димовски, како и министерот за странски инвестиции Веле Самак.
18:38
24.3.2013