17:38
24.3.2013
МОСТ до 17 часот регистрирал некои неправилности на одредени гласачки места. Најчесто станува збор за семејно гласање.
Деталите тука: http://www.makdenes.org/archive/news/20130324/428/428.html?id=24937682&nocache=1
17:34
24.3.2013
Во Струга мирно и без инциденти
На новинарските екипи од локалните медиуми во струшките села Лабуништа и Радолишта не им било дозволено снимање и покрај тоа што ги доставиле легитимациите од медиумите каде што работат. Според нивните кажувања, им била побарана посебна дозвола од ДИК во Скопје. Инаку во струшко за сега нема забележано посебни нерегуларности. Претседателот на ОИК во Струга, Џенгис Хани за Радио Слободна Европа изјави дека изборите се одржуваат во мирна и достоинствена атмосфера без инциденти.
16:56
24.3.2013
Битола - Кандидат за советник повикан на сослушување во полиција
Прочитај на http://www.makdenes.org/archive/news/20130324/428/428.html?id=24937659&nocache=1
16:43
24.3.2013
Телма во Ресен - Голем број лица од Мала Преспа
Пред училиштето „Цар Самоил“ затекнавме повеке луѓе и возила, а во тој момент еден од присутните на странски набљудувач на изборите му објаснуваше дека станува збор за приватна забава за „нашинците од Мала Преспа“. Тој нему му кажа дека не знае дали Македонците од Албанија одат на гласање и за кого гласаат. Со екипата на Телма не беше љубезен за да објасни за што станува збор.