15:38
24.3.2013
Во Штип без проблеми, јавува ТВ АЛФА.
Во Штип до 13 часот правото на глас го искористиле 43 отсто од вкупно 41.573 избирачи во општината. Претседателката на Општинската изборна комисија Лидија Савиќ изјави дека гласањето се одвива непречено и без проблеми.
15:35
24.3.2013
Фотогалерија: Македонија гласа, посматрачите следат
Види ја фотогалеријата тука:
http://www.makdenes.org/media/photogallery/24937591.html?nocache=1
15:29
24.3.2013
Локалните избори досега: Мирно и без инциденти. Голем одзив, како што впрочем и се очекуваше. Посматрачите јавуваат за бројни неправилности на повеќе места, а за нерегуларности јавуваат и партиски штабови. Гласачките места се затвораат во 19 часот, кога ќе може и да се сублимира вкупниот одзив и влијанието на неправилностите врз изборните резултати.
15:23
24.3.2013
Според непотврдени информации, во Прилеп на избирачкото место 1352 констатирани се нерегуларности во гласањето.
„Недостигаат 12 гласачки ливчиња, со кои може да се случи таканаречениот „бугарски воз“. За ова известени се сите надлежни служби и ОБСЕ. А, на многу избирачки места истакнати активисти и членови на партијата, не можат да го остварат правото на глас, зашто се избришани од избирачкиот список, тврдат партиски извори, а пренесува нашиот дописник од Прилеп.
Од ОИК-Прилеп, тврдат дека нема пријавено никакви аномалии, и потенцираат по 19 часот ќе соопштуваат детали за евентуални проблеми.