15:16
24.3.2013
Проблеми во општина Долнени, избришани гласачи.
Многумина граѓани од Општина Долнени, реагираат, зошто, иако имаат биометриски документи, се избришани од единствениот избирачки список. Ова го потврдуваат од Општинската изборна комисија во Долнени, јави нашиот дописник од Прилеп.
„Не знаеме каде да ги упатиме, им кажуваме да се обратат до ДИК, зашто тие имаат биометриски документи, а ете ги нема во списокот. Други аномалии во изборниот процес нема“, вели Жарко Маркоски, претседател на ОИК-Долнени.
Во оваа општина 10.521 жител гласаат за еден од 5 кандидати за градоначалник и една од 7-те советнички листи, а до 13 часот, евидентирана е излезност од 27.5 отсто.
15:14
24.3.2013
Куманово - агитирање и навредливи графити
Во Општината Куманово до 13 часот гласале 29 отсто, во Општината Липково 25 отсто и во Старо Нагоричино 42 отсто од гласачите, соопшти Општинската изборна комисија.
Заменик народниот правобранител Насер Вејсели во Куманово соопштува дека во близина избирачкото место во Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово граѓаните пријавиле дека има графит со навредлива содржина поради што гласачите се враќаат и не одат на гласање.
На три избирачки места во Куманово било пријавено дека агитирал еден од кандидатите за градоначалник на Општината Куманово.
15:09
24.3.2013
ВИДЕО: Редици за гласање во Кичево, досега мирно и без проблеми.
14:52
24.3.2013
Голема излезност и бројни неправилности bit.ly/WZXvOK
— Slobodna Evropa (@RSE_Makedonski) March 24, 2013