Достапни линкови

Афера „фантомски гласачи“


Зграда во Капиштец, во општина Центар во Скопје. Опозицијата тврди дека власта на оваа адреса регистрирала фиктивни гласачи.
Зграда во Капиштец, во општина Центар во Скопје. Опозицијата тврди дека власта на оваа адреса регистрирала фиктивни гласачи.

Видео снимките кои ги претстави опозицискиот СДСМ, во овој момент не се валиден доказ за пред суд, но може да бидат повод за да се испитува понатаму.

Видео снимките кои ги претстави опозицискиот СДСМ, во овој момент не се валиден доказ за пред суд, но може да бидат повод за да се испитува понатаму, коментира поранешниот обвинител Коста Петровски.
Не значи дека се безвредно, но за пред суд треба малку поголема тежина. Сега со новите мерки треба да се побара снимање, не може кој било да се снима. Но, може да биде повод за една постапка на јавното Обвинителство.
Коста Петровски, поранешен обвинител.

„Не значи дека се безвредно, но за пред суд треба малку поголема тежина. Сега со новите мерки треба да се побара снимање, не може кој било да се снима. Но, може да биде повод, повод за една постапка на јавното Обвинителство, за да продолжи со испитување.“

Од СДСМ вчера посочија дека имаат докази дека со околу 300 фиктивни гласачи од Мала Преспа, ВМРО-ДПМНЕ сака да освои победа во општината Центар. Од партијата, за да ги потврдат обвинувањата, доставија и видео материјал од анкета кои самите ја спровеле, а на кој се гледа дека фантомските гласачи се сместени во непостоечки или во напуштени станови. Дел од станарите и самите признале дека се од Мала Преспа и дека ќе седат до денот на изборите.
Ова што од политичките субјекти беше искажано е момент, кој не треба да остане така, туку треба со фактографија, со документи да се прикаже и да се покрене и друга постапка соодветна дури и за казнено гонење.
Бајрам Положани, поранешен уставен судија.

Можноста за покренување постапка на Обвинителството ја потврдува и поранешниот уставен судија Бајрам Положани кој исто така констатира дека за да се поднесе евентуално обвинение потребни се дополнителни истражувања.

„Ова што од политичките субјекти беше искажано е момент, кој не треба да остане така, туку треба со фактографија, со документи да се прикаже и да се покрене и друга постапка соодветна дури и за казнено гонење, инаку сè останува во рамките на шпекулации.“

Како што времето изминува, јавните посочувања за наводни злоупотреби се сè поголеми. Во изминатиов период имаше изјави на митинзи дека некои од градоначалниците од мали бизниси направиле големи, преку злоупотреби.

„Треба Обвинителството веднаш да ги повика на разговор. Меѓутоа во изборниот процес политичките субјекти зборуваат, но отпосле не прибегнуваат кон соодветни средства - пријави и гонење на таквите деликти“, вели Положани.

Исто така имаше и прекршоци преку промоција на изградени објекти за време на кампања што е недозволено, а се промовираат и недовршени објекти од типот на прва фаза на плоштад итн., нагласи Положани.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG